Кога гасовите ќе станат проблем
- Детали
- вторник, 01 јуни 2021
Гасовите се основа на животот - од раѓањето до смртта примаме, формираме и емитираме гасови. Во спротивно, ќе престанеме да постоиме.
Во повеќето случаи, преминот на гасови низ нашето тело е комплетно асимптоматичен. Меѓутоа, понекогаш тие знаат да манифестираат симптоми како на пример често подригнување, гасови кои мораат да се испуштат и подуеност. Насобирањето на гас доведува до ширење на цревата, кои можат да ги забрзаат интестиналните контракции и перисталсисот. Ова, пак, често знае да предизвика грчеви на цревните мускули и тогаш гасовите се придружени со абдоменална болка.
Добро познати и многу вознемирувачки, проблемите наведени погоре обично се јавуваат поради прекумерно голтање и / или прекумерно формирање гасови во телото.
Прекумерна апсорпција на гасови
Буквално преведено од латински, „аерофагија“ значи „внесување воздух“. Нејзиниот најчест симптом е честото подригнување. Прекумерниот внес на воздух обично се должи на премногу брзо и нестрпливо јадење и пиење, но може да произлезе и од:
- Голтање на храна со течности
- Пиење топли пијалоци
- Пиење со цевка - според некои студии, пиењето со цевка доведува до голтање на двојно повеќе воздух од течноста
- Гуми за џвакање
- Пушење
- Лошо прилагодени протези
- Хронично постенално капење - т.н. задно течење на носот што влијае на назофаринксот
- Хронична болка
- Анксиозност
Прекумерно формирање гасови
Се јавува како резултат на ферментација на несварена храна од бактерии во дигестивниот тракт и особено во дебелото црево. Ова е обично недостаток или целосно отсуство на ензими потребни за разградување на посложени јаглехидрати, како што се лактоза, скроб и други.
Иако главните осомничени за гастроинтестиналните непријатности најчесто ги наоѓаме во храните со јаглехидрати, масти и алкохол, кој исто така игра голема улога. Тие можат да предизвикаат задоцнување во цревното празнење, а со тоа и чувство на подуеност.
Како да се справите?
Правилниот пристап за справување со подуеноста и гасовите зависи од случајот и причината. Ако вашата состојба не е сериозна и не потекнува од некој поголем медицински проблем, можете да си помогнете само со следење на неколку едноставни совети.
Обидете се со:
- Јадете побавно
- Поправете ги олабавените протези
- Обрнете внимание на постназалното течење
- Зголемете ја вашата физичка активност
- Не ја зголемувајте количината на влакна во исхраната
Избегнувајте или ограничувајте:
- Зборување додека јадете
- Јадење додека пешачите или во стресни ситуации
- Пиење со цевка
- Пиење од шише
- Пушење или џвакање тутун
- Гуми за џвакање или гумени бомбони
- Газирани пијалоци
- Јадење храна со сорбитол, фруктоза и лактоза (ако сте нетолерантни)
- Нетрпеливо пиење на топли пијалоци (и нетрпеливо пиење, општо)
Пробајте го Stomachon
Многу важен додаток на горенаведените совети може да биде новиот Stomachon - иновативен производ кој помага за отстранување на подуеноста во стомакот, гасови и абдоменална болка.
Stomachon е решение кое брзо делува против болните гастроинтестинални симптоми, помагајќи ви да го контролирате чувството на тешкотија и непријатност во стомакот. Вашето тело не ги апсорбира состојките на Stomachon и тие немаат алергиски афект. Производот не го попречува нормалното функционирање на дигестивниот систем, туку само ги спречува гасовите да влијаат на квалитетот на вашиот живот.
Уверете се самите, пробајте го Stomachon!