Најчеста метода за корекција на диоптрија во Систина Офталмологија дури и во услови на Ковид – 19

Бројот на интервенции за ласерска корекција на диоптрија се зголемува за 30 отсто од година во година, објави американскиот Совет за рефрактивна хирургија, на почетокот на 2021 година.

najchesta-metoda-za-korekcija-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-duri-i-vo-uslovi-na-kovid-19-01 (2).jpg

Повеќе од 220 илјади ласерски корекции се направени оваа година како резултат на зголемената грижа за здравјето и безбедноста.

„Континуираното зголемување на ласерските корекции на видот, го потврдува тоа што го слушаме од рефрактивните хирурзи. Пандемијата го стави во фокусот здравјето на очите и луѓето избираат да дадат приоритет на инвестицијата во видот. Во текот на минатата година кога пандемијата започна, луѓето имаа време повеќе да размислуваат и да истражуваат за корекцијата на видот, и тоа имаше влијание на 190 милиони Американци“ 3 - вели претседателот на американскиот Совет за рефрактивна хирургија, Jim Watchtman.

najchesta-metoda-za-korekcija-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-duri-i-vo-uslovi-na-kovid-19-01.jpg

За време на пандемијата препораките на лекарите се да не се допира лицето и очите за да не се шири заразата со вирусот Ковид-19, но очите страдаат од т.н. синдорм „суво око“ кој се јавува поради прекумерното седење пред екраните заради онлајн работење и учење. Носењето на маски, пак, предизвикува замаглување на очилата и нивна недоволна функционалност.

najchesta-metoda-za-korekcija-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-duri-i-vo-uslovi-na-kovid-19-02.jpg

„На самиот почеток на пандемијата Систина Офталмологија успешно ги воведе и спроведе сите безбедносни протоколи и обезбеди континуитет на грижата за очите кај сите пациенти. Тоа се однесуваше и на ласерската корекција на диоптрија. Оваа интервенција дури и во услови на пандемија се покажа како безбедна и ефикасна опција, за луѓето кои бараат третман за кратковидост, далекувидост и астигматизам, и кои не сакаат да носат очила или контактни леќи. На нашиот рефрактивен оддел, во партнерство со клиника Свјетлост од Загреб успешно ја работиме ласерската корекција на диоптрија и сме оперирале повеќе од 15.000 очи. А за оние кои се во старосната група над 45 или на оние кои од различни причини не можеме со ласер да им ја отстраниме диоптријата, им овозможуваме јасен и колоритен вид вид без очила и леќи преку кратки хируршки интервенции со вградување на мултифокални леќи. Искуството кое пациентите го добиваат преку успешноста на третманот и грижата со која им се посветуваме во нашата болница за време на интервенцијата но и после неа, ги прави долгорочни и лојални пациенти” вели д-р Гилевска, специјалист офталмолог од Систина Офталмологија.

najchesta-metoda-za-korekcija-na-dioptrija-vo-sistina-oftalmologija-duri-i-vo-uslovi-na-kovid-19-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg