Првиот квартал го одбележија лансирања на нови производи и стабилност во работата

Атлантик Група во март ја лансираше новата чоколада под брендот Jimmy Fantastic и ги доврши подготовките за лансирање на другиот нов бренд од сопствен развој, Boom Box.

prviot-kvartal-go-odbelezhija-lansiranja-na-novi-proizvodi-i-stabilnost-vo-rabotata-01.jpg

Загреб, 28 април 2021 - Иако повеќе од година дена работи под влијанието на пандемијата со Ковид-19, Атлантик Група во првиот квартал од 2021 година бележи уште помал пад на приходите од продажба, кој изнесува 167 милиони евра, што е за 2,4% во однос на истиот период од 2020 година. Добивката пред камата, данок и амортизација (EBITDA) изнесува 22,4 милиони евра и пониска е за 7,4%, додека нето добивката изнесува 11,3 милиони евра и бележи пад од 5,3%. Благиот пад во однос на споредливиот период од минатата година се должи на значителните ограничувања во работењето на рестораните и другите мерки за борба против пандемијата, што влијаеше на намалената потрошувачка надвор од потрошувачките домови во текот на првиот квартал од оваа година, но и на зголемената продажба на одредени категории, пред сѐ, Argeta и аптеките, во март минатата година, поради создавање на залихи на домаќинства по избувнувањето на пандемијата.

„Задоволни сме од резултатите остварени во првиот квартал од 2021 година. Атлантик Група покажа отпорност на криза и стабилност во деловниот модел, што го препозна и пазарот на капитал и успеавме да ја оствариме историски највисоката цена на акции на Загребската берза. И покрај кризата, продолжуваме со планираните инвестиции потребни за долгорочен раст, меѓу кои се издвојува инвестицијата во новата фабрика Argeta во околината на Вараждин. Особено сум задоволен од лансирањето на два комплетно нови брендови развиени во Атлантик Група - висококвалитетно млечно чоколадо Jimmy Fantastic и пакет производи базирани на овесна каша Boom Box. Нашите приоритети во неизвесниот период на развој на пандемијата остануваат исти - здравјето и безбедноста на нашите вработени, обезбедување на непречено продолжување на производството и континуирано снабдување на нашите клиенти и потрошувачи, како и општествена одговорност во најширока смисла “, изјави претседателот на Управата, Емил Тедески.

Donat предводник на растот на продажба

Најдобрите резултати помеѓу бизнис областите ги остваривме во областа Donat со раст од 10,1%, Кафе како поединечно најголема категорија со раст на пазарите во Хрватска, Австрија и Германија, како и Деликатесните намази со значаен раст на пазарите во Германија, Швајцарија и Шведска. Сопствените брендови учествуваат во продажбата со 63,3%, брендовите од надворешни принципали претставуваат 27,2% од вкупниот приход од продажба, а медицинскиот ланец Farmacia 9,5%.

Нова фабрика и два нови брендови

Атлантик Група, со оглед на одличниот развој на работењето и плановите за раст во категоријата Деликатесни намази, во март го започна вложувањето во изградба на нова фабрика под производниот бренд Argeta и тоа на подрачјето на општината Кнегинец во околината на Вараждин. Инвестицијата во вкупна вредност од околу 50 милиони евра започна со купување на земјиштето и ќе се одвива во неколку фази, а новиот произведен погон според планот би требало да биде пуштен во функција во рок од 15 месеци од добивањето на градежна дозвола. Реализацијата на сите фази од проектот планира и отворање до 150 нови работни места. На пазарите во Хрватска и Словенија исто така е лансиран и нов бренд, висококвалитетната чоколада Jimmy Fantastic, а за лансирање е подготвена и палета на производи на база на овес под брендот Boom Box.

Во продолжение на годината компанијата ќе продолжи да се фокусира на зајакнување на позициите на препознатливите регионални брендови, интернационализација (примарно Argeta и Donat), поддршка на новите брендови, развој на дистрибуциското работење и можни спојувања и аквизиции.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg