Забрзување на метаболизмот на природен начин

Забрзувањето на метаболизмот зависи од голем број фактори, меѓу кои од најголема важност се активностите и навиките насочени кон здрав живот.

zabrzuvanje-na-metabolizmot-na-priroden-nachin-01.jpg

Брзата храна, нередовниот сон и недоволно внесување вода се главните причини за бавниот метаболизам. Со соодветна самодисциплина во однос на овие навики, може значително да се подобри метаболизмот, а тоа влијае врз целокупниот квалитет на живот.

Се почнува со практикување редовни оброци, така што телото постојано да се снабдува со потребната енергија и да не се прескокнуваат оброци, затоа што со недостаток на оброци, метаболизмот, исто така, се забавува. Вториот начин е избор на храна што влијае позитивно врз метаболичките процеси. Јогуртот Бaланс+ е ферментиран млечен производ чии позитивни ефекти врз регулацијата на варењето и забрзувањето на метаболизмот се потврдени во клиничка студија, и е единствениот јогурт на пазарот со клинички докажани придобивки. Содржи комбинација од две пробиотски култури LA5 и BB-12 (Lactobacillus acidophilus LA-5 и Bifidobacterium BB-12) комбинирани во комплексот Bifido Digestio, како и пребиотичкото влакно олигофруктоза што го стимулира растот на добрите бактерии. Придобивките од јогуртот Баланс+ произлегуваат од неговите нутритивни карактеристики и пробиотските култури, кои позитивно влијаат врз воспоставувањето на целокупната рамнотежа во организмот, поради што лекарите препорачуваат консумирање на овој јогурт како секојдневна навика.

zabrzuvanje-na-metabolizmot-na-priroden-nachin-02.jpg

Пробиотиците од јогуртот влијаат позитивно на намалување на телесните масти, а значителен дел од протеини и растителни влакна создаваат чувство на ситост, поради што Баланс+ јогуртот е идеален за забрзување на метаболизмот. Присуството на добри бактерии во организмот стимулирани од јогуртот, ја намалува вознемиреноста и стресот, а исто така се одлична основа за зголемена апсорпција на витамини и минерали.

Препорачаната дневна доза на Баланс+ јогурт е 500 грама, а целосниот ефект од неговите својства се постигнува по 10 дена редовно консумирање.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg