Силните пролетни сончеви зраци бараат и неопходна заштита!
- Детали
- среда, 28 април 2021
Зголемените температури, убавото и сончево време се повеќе не “мамат”, деновиве времето да го поминуваме надвор на отворено.
Доаѓа продолжен викенд, Велигден се спојува со 1 Мај, и многу веројатно е дека желбата да бидеме надвор, на отворено ќе биде поголема. Сонцето секако е неопходно, добро за коските, за здравјето и треба да сме надвор. Посебно што изминатиов период многу време поминавме дома. Овој посебно не сакаме да ги спречиме децата да излегуваат надвор!
Но, нашата кожа не е навикната на сонцето и силните сончеви зраци може многу лесно да ја оштетат и да дојде до непосакувани последици. Туку особено треба да внимаваат децата бидејќи нивната кожа е потенка, поосетлива и многу полесно може да се оштети.
Зошто тогаш престојот на сонце и на отворено на децата, па и за сите анс да не го направиме побезбеден заштитувајќи се со медицинска козметика. Дерматолозите ги препорачуваат производите од Eucerin Sun колекцијата која не содржи хемиски додатоци, а обезбедува сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците не дозволувајќи им да навлезат во кожата.
Нанесувањето на крема за заштита од сонце е клучно за сигурна и здрава кожа, а за детската кожа посебно е важно да се користи крема прилагодена на нејзините потреби. Со оглед на фактот дека УВ оштетувањата, црвенилата и изгорениците во детството го зголемуваат ризикот од рак на кожата, и оштетувања на кожата покасно во животот, детската кожа мора да биде правилно заштитена. За оние деца кои се доста активни, и почесто се на сонце поради тоа што си играат, се препорачува Eucerin Sun Spray со СПФ 50+.
Сонцето го подобрува нашето расположение, ја подобрува циркулацијата, метаболизмот на нашето тело, продукцијата на витаминот Д, ги поттикнува и одбранбените механизми на нашата кожа, но истовремено мора и да се заштитиме од него, посебно при предолга изложеност, а посебно децата.