Ротари конференцијата „Мојата иднина моја одлука” и оваа година оценета како извонредно корисен настан за професионална ориентација на младите
- Детали
- петок, 23 април 2021
Оваа недела, виртуелно преку платформата ZOOM, традиционално по 9-ти пат, се одржа Ротари конференцијата за професионална ориентација на млади, оваа година под мотото “МОЈАТА ИДНИНА МОЈА ОДЛУКА”.
Настанот беше во организација на Ротари клубот Скопје Камен Мост, и имаше за цел да даде поддршка на младите и талентирани луѓе во остварување на нивниот целосен потенцијал, како и да помогне во изборот на нивна идна професионална кариера.
За времетраење на настанот членовите на Ротари клубот Скопје Камен Мост го споделија сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници, Проф. д-р Александра Грозданова , Фармацевтски факултет при УКИМ и Претседател на Националниот комитет за имунизација на РСМ; Д-р доц. Самоил Самак, Доктор по технички науки и Генерален Директор на Микросам и добро познатиот Влатко Стефановски, Композитор и музичар, со средношколците од цела Македонија.
Овој традиционален настан, во изминативе девет години го имаат посетено повеќе од 900 средношколци од 25 средни училишта, и истиот преку прашалник го имаат оценето како успешен и извонредно корисен при носењето на одлука во која насока да го продолжат своето образование.
Линк од настанот