Тости - прв детски леб од Жито Лукс
- Детали
- петок, 16 април 2021
(Скопје, 16.04.2021) – Тости е новиот леб од Жито Лукс, прв и единствен на пазарот наменет за деца.
Новиот пченичен леб од линијата лебови на парчиња е со путер и ванила, збогатен со нутритивни елементи, како калциум, железо и витамин Д, посебно потребни за децата во раст и развој.
„Особено нѝ е драго што овој пат новитетот кој го создадовме е за нашите најмлади консументи. Лебот е инспириран токму од нив и по нивни преференции. Секоја новина во Жито Лукс е одговор на потребите на купувачите и соодветно новите трендови во исхраната, а денешниот начин на живот бара храна со зголемена нутритивна вредност, и истовремено оброци кои се лесни и брзи за подготовка”, велат од Жито Лукс.
Тости со збогатениот состав е одличен избор за вкусен оброк со хранливи материи, неопходни за развојот на децата. Калциумот и витаминот Д се потребни за подобрување на цврстината на коските, железото придонесува за нормален когнитивен развој, а витаминот Д го подобрува функционирањето на имунолошкиот систем кај децата.