Потрошувачкиот кредит на Комерцијална банка со најповолни услови доби нов промотивен период

Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, 16.04.2021 година – Промотивниот период за отплата до 120 месеци продолжува до 15.06.2021 година, со што граѓаните добија дополнителна можност да ги искористат сите поволности на овој кредит и да го купат тоа што веќе го посакале и испланирале.

potroshuvachkiot-kredit-na-komercijalna-banka-so-najpovolni-uslovi-dobi-nov-promotiven-period-01.jpg

Ненаменскиот потрошувачки кредит на Комерцијална банка е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу им одговара. Овозможува шопинг уживање и помало месечно оптоварување на семејниот буџет бидејќи има каматни стапки од 4,7% годишно, фиксна за првите 3 години, и 5,7% годишно, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот. Овие каматни стапки се за клиенти кои примаат или ќе ја пренасочат платата во Комерцијална банка.

Кредитот е со износ до 30.000 евра, со евро клаузула. Повеќе информации за условите и потребните документи за аплицирање за потрошувачкиот кредит ви се достапни на следниот линк .

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg