ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

ПроКредит Банка е општестевно одговорна компанија и во нашето секојдневно работење се стремиме да придонесеме за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залагаме и вложуваме во нашата еко иницијата #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот.

prokredit-banka-prva-banka-vo-zemjata-so-70-elektrichen-vozen-park-01.jpg

Во нашата банка негуваме еден оддржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Оттука произлезе и иницијативата за целосна промена на нашиот возен парк, како и фактот дека 20% од аерозагадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива.

ПроКредит Банка првото хибридно возило го набави во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година набавивме 4 електрични возила. Постепено ја зголемувавме бројката за сега веќе возниот парк да ни брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од нашиот вкупен возен парк се електрични возила.

Овој месец возниот парк го обновивме со 2 нови електрични возила од марката Волскфаген ИД 3. Со што сме првата компанија во земјата и во регионот која ги воведува овие возила во својот возен парк. Електричното возило Волскфаген ИД 3. со едно полнење, се очекува да помине преку 400 километри. Со овие преформанси, ова возило комплетно ги задоволува нашите потреби на патување низ земјата, без потреба за дополнување на батеријата додека сме на пат.

prokredit-banka-prva-banka-vo-zemjata-so-70-elektrichen-vozen-park-3.jpg

ПроКредит Банка исто така има и сопствена фотоволтажна централа за производство на струја, која е поставена на кровот на зградата на централната управа. Во моментов 25% од произведената струја целосно ги задоволува потребите на нашиот електричен возен парк.

Исто така, поставивме и 3 полначници за јавна употреба на две локации во Скопје.

prokredit-banka-prva-banka-vo-zemjata-so-70-elektrichen-vozen-park-02.jpg

Со ова повторно докажавме дека сме чекор пред другите. Издвојуваме сериозни ресурси и имаме организиациска поставеност за активно управувањето со животната средина.

Нашиот систем за управување со животната средина е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и преставуваме првата Банка на пазарот со овој сертификат

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg