Преку темелна анализа на Вашите соработници и на Вашата конкуренција, до подобра бизнис слика и стратегија
- Детали
- понеделник, 12 април 2021
Македонско Кредитно Биро (МКБ) ви нуди брзи, точни и навремени информации за сите компании
Дали Вашата компанија се соочува со проблеми при наплата на побарувањата? Размислувате да склучите договор за соработка со меѓународни клиенти за кои немате никави бонитетни информации? Се прашувате како да го заштите Вашиот бизнис од деловен неуспех?
Одговорот за деловната подобност на Вашата компанија, Вашата конкуренција и Вашите соработници е содржан во извештаите на Македонско кредитно биро!
Здравствената, а пред сè и економската криза ја продлабочија неизвесноста во бизнис окружувањето. Во време кога сè поголем број компании имаат проблем со ликвидноста, а оттука и проблеми со подмирувањето на обврските и наплатата на побарувањата, ризикот од прелевање на проблемите од една кон друга компанија стана поизразен.
Во вакви услови, кога ризикот од деловен неуспех е сè поизразен, покажете доверба во тимот на МКБ и вашите идни одлуки градете ги врз основа на точни и навремени информации! Добијте брз и точен увид за статусот на Вашите обврски и обврските на Вашите соработници и подмирувањето на истите, носете сигурни деловни одуки и заштитете ја Вашата компанија од ризично работење.
Македонското кредитно биро управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на сите правни и физички лица, со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на истите. МКБ располага со најголемата база на податоци која се ажурира на дневна и месечна основа и нуди единствени можности за заштита од ризично работење, преку успешно управување и донесување на сигурни деловни одлуки. Преку Сопствениот извештај на МКБ ќе добиете детален увид за статусот на обврските, историјата на доцнење на обврските како и податоци за блокада на трансакциска сметка на Вашата компанија и заштитете ја истата од дополнителни трошоци. Преку т.н Корпоративен-бонитетен извештај ќе добиете комплетна слика за бонитетот на компанијата преку следниве податоци: индикатор за деловната подобност на правното лице; задолженост и редовност во подмирување на обврските; блокада на трансакциска сметка во реално време; тековна состојба на правниот субјект и клучни финансиски показатели за приходите, расходите и финансискиот резултат од работењето за последователни три години. На тој начин, ќе го намалите ризикот во деловното работење со Вашите сегашни и идни деловни партнери. Меѓународниот извештај на МКБ, кој се добива врз основа на соработката за размена на податоци со Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, им овозможува на македонските компании да добијат бонитетни информации за било кој правен субјект ширум светот.
Бидете пред другите секогаш чекор понапред. Бидете во тек, менаџирајте успешно!