2 супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

Во ова бурно време во кое живееме, „новото нормално” придонесе да научиме како побргу да се приспособиме, да создадеме нови навики, нов начин на работа и на контакти, или, пак, да почнеме да внимаваме на она за што можеби порано немавме време или не обрнувавме многу внимание. Меѓу нив и на вежбањето и грижата за здравата исхрана.

2-super-sostojki-shto-treba-da-gi-konsumirate-heljda-i-amarant-001.jpg

Сите кои вежбаат се свесни за потребата од внесување доволно количество протеини кои му се неопходни на организмот за правилно функционирање. Покрај основните извори на протеини кои ги знаеме, треба да се има на ум дека житарките се исто така значаен извор на истите. Таков пример се хељдата и амарантот кои што може да ги наречеме супер состојки поради своите нутритивни вредности.

Хељда е всушност псевдожитарка и влегува во група семиња по потекло од северните азиски и американски земји. Ова семе најчесто се користи во разновидни рецепти, како и за салати, чорби, како замена за ориз и додаток во леб. Хељдата има импресивен аминокиселински состав на протеини и е нискокалорична храна која истовремено е одличен извор на витамини, минерали и антиоксидативни компоненти.

Амарант е растение слично на житарка, а најмногу се одгледува во Африка, Индија, Кина, Русија, Јужна и Северна Америка. На нашиот пазар станува сѐ побаран и популарен поради здравствените придобивки кои ги носи и затоа што се вклопува во секакви рецепти. Амарантот ја содржи аминокиселината лизин, па поради ова претставува извор на комплетен протеин. Една шолја амарант содржи околу 26 грама протеин. Во него има и лунасин - биоактивна супстанца со антиканцерогени, антивоспалителни и антихипертензивни ефекти, богат е со фитостероли кои можат да го намалат нивото на холестерол во крвта, содржи калциум кој е потребен за превенција на состојби поврзани со недостиг на калциум, а богат е и со витамини Ц, Е, како и со железо, магнезиум, фосфор и калиум.

Бидејќи и хељдата и амарантот имаат исклучителни нутритивни вредности, со комбинација на овие две состојки се добива навистина супер производ.

Таков е Интегралниот леб со супер житарки – хељда и амарант кој комбинира здрави, минимално обработени состојки, не содржи палмина маст, додадени шеќери, вештачки бои и конзерванси, поради што е идеален за многу вкусни оброци направени по ваш вкус.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg