Нов тренд во онлајн корисничкото искуство – виртуелните продавници ги заменуваат традиционалните
- Детали
- понеделник, 05 април 2021
После повеќе од една година полна со предизвици, навиките за купување се променија. Секоја одлука да се купи некој производ или услуга станува многу повнимателна, се купува повеќе локално и сè повеќе сe прифаќа онлајн трговијата.
Со цел да се прилагодат на нованастанатите кориснички навики, компаниите т.е. брендовите мора да применат нови технологии кои ќе го пресликаат корисничкото искуство од физичкиот свет, т.е. од продажните локации во виртуелниот свет. При онлајн купувањето, само квалитетот на услугите и персонализираното искуство повеќе не се доволни. Она што секој потрошувач посакува во услови на глобална пандемија е безбедно купување, но истовремено и можност за лична интеракција.
Истражувањата спроведени од Havas CX, јасно ги покажуваат очекувањата на корисниците: повеќе од 59% од корисниците, или 78% кои се digital savvy (личности кои имаат напредни дигитални вештини и познавања) очекуваат при било кое онлајн искуство да можат лесно и по потреба да се поврзат со конкретна личност т.е. експерт за дадениот производ или услуга, преку чет, видео интеракција или слично. Дополнително, 56% од корисниците или 73% од digital savvy, очекуваат да добијат совет при купувањето од некој кој ќе ги води низ изборот и ќе им помогне во донесувањето на одлуката.
Еден од начините да се одговори на новонастантите кориснички потреби се виртуелните продавници, кои го обезбедуваат тој личен контакт со потрошувачот во светот на дигиталната продажба. Компанијата Филип Морис, следејќи глобалните дигитални трендови, преку својата виртуелна зона успеа да ги задржи корисниците во центарот на внимание на своите деловни активности.
„Виртуелната IQOS зона на едноставен начин ги спојува диретно корисниците со експертите во реално време. Преку видео интеракција или чет, IQOS експертите можат да одговорат на сите корисничките потреби почнувајќи од совети па сѐ до помош при изборот на IQOS или додаток за персонализација на својот уред, притоа креирајќи единствено ново искуство за нашите корисници, кое ги спојува најдоброто од физичкиот и виртуелниот свет”- вели Јана Дурнева, Менаџер за дигитални решенија и грижа за корисници при Филип Морис ТКП ДОО Скопје.
Виртуелната зона им овозможува на сите возрасни пушачи, кои во други околности би продолжиле со користење на цигарите, во комуникација „еден на еден“ да дознаат сé што ги интересира за производи без чад кои се засновани на наука, за упатството, начинот на проучување, условите за чување. Благодарение на виртуелната зона, корисниците можат да се едуцираат за разликата помеѓу IQOS производите и електронските цигари или да добијат информација која е разликата меѓу согорувањето и загревањето на тутунот.
„Ние во Филип Морис, преку примена на последните технолошки трендови сакаме да креираме еден нов и иновативен канал преку кој ќе пружиме поддршка на корисниците додека купуваат онлајн од било каде, во било кое време.“, објаснува Дурнева.
Виртуелната зона е достапна на веб страницата iqos.com каде што на долниот десен агол поставено копчето преку кое со еден клик се воспоставува комуникација со IQOS експертите. Оваа виртуелна зона овозможува исто искуство како и на било кое друго IQOS продажно место, но од удобноста и сигурноста на сопствениот дом.