На само половина час од Скопје - совршена локација за релаксација и поглед од милион долари
- Детали
- понеделник, 05 април 2021
Совршена локација, поглед од милион долари и магични вкусови - сè тоа во непосредна близина на Скопје.
Време е да ја доживеете пролетта со сите нејзини бои, ароми и звуци. За тоа не ви е потребно далечно патување или многу планирање. Аурора Козјак се наоѓа на само 20-25 минути возење од центарот на Скопје - уникатен изглед, модерен дизајн, вкусна храна и местоположба која носи чувство дека можете да ги допрете небото и облаците.
Секој од нас бара идеална локација за кратко бегство од секојдневието и градскиот метеж. Аурора Козјак е локацијата која нуди мир, уживање во природата, експлозија од различни мириси и вкусови и неверојатен поглед и пејсажи каде и да се свртите.
Од тука, најдобро се гледа Езерото Козјак - долго дури 32 километри, а широко само 400 метри. Со длабочина од 130 метри, има меѓу најбогатите рибни фондови! Интересен податок е дека од вкупно 400 видови на пеперутки во светот, 200 видови има во Македонија, а дури 90% од нив се присутни на ова езеро.
Во денешно време, тишината е редок комодитет, а овде секој може да ужива во неа, колку што му душа сака. Амбиентот во ресторанот се пресликува од мирното езеро.
Дококлу успеавме да ве натераме да го посетите, запалете кола и одете на уживање и спокој. Тимот на Ауорора Козјак ќе ве пречека со широко отворени раце и ќе ви го направат денот незаборавен.