Играј, играј за Вардар! Секој тикет на кој се наоѓа натпреварот на Вардар го зголемува фондот на Mozzart за донација на овој фудбалски клуб!
- Детали
- сабота, 03 април 2021
Продолжува кампањата за спас на Вардар! Компанија Mozzart пред две недели се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, каде со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација!
Доколку го имате на вашиот тикет натпреварот кој ќе се одигра викендов помеѓу Пелистер и Вардар (недела, 15 часот), придонесувате кон вкупниот фонд кој ќе се донира на овој клуб. Не е важно како ќе типувате, важно е само да го имате овој натпревар на вашиот тикет. Играј, играј за Вардар!
На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“. Оваа акција е добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а што повеќе тикети има со овој натпревар, износот на донацијата на Mozzart ќе биде поголем.
„Благодарност до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата за спас на Вардар, како и на компанијата Mozzart која им се приклучи. Тоа ни дава надеж дека можеме да го спасиме клубот и да продолжиме да го правиме тоа што најдобро го знаеме – да играме за овој клуб со поддршка од нашите фанови и навивачи. Голема благодарност до компанија Mozzart која секогаш посветува големо внимание на општествено одговорните акции. Се надеваме дека што повеќе играчи ќе одговорат на оваа акција, ќе пополнат тикет и ќе го стават натпреварот кој го играме, и со тоа ќе придонесат кон фондот на Mozzart кој ќе ни го донираат.“ – изјави капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски.
Вардар 12 пати ја освојуваше титулата првак и шест пати националниот куп, и е единствен македонски клуб кој изборил пласман во групната фаза во едно од двете најеминентни европски натпреварувања - Лига Европа, а сега се бори не само за опстанок во лигата, туку и за опстанок на целиот клуб. Оваа акција е одлична можност за навивачите да го поддржат клубот во период кога заради епидемиолошката ситуација не можат тоа да го направат на Градскиот стадион.