2 супер состојки што треба да ги консумирате – спелта и овес

Лебот е основа на човечката исхрана и благодарение на својот вкус и хранливост веќе илјада години е најконсумираната намирница во светот. Лебот може да биде здрава намирница во зависност од тоа колку здрави состојки има во него.

2-super-sostojki-shto-treba-da-gi-konsumirate-spelta-i-oves-01.jpg

Линијата лебови од Жито Лукс со „супер житарки“ (спелта и овес) е вистински избор за здрава исхрана во текот на целиот ден.

Зошто овес? Овесот потекнува од средна Европа, а бил основна намирница во исхраната на Германите и Келтите. Преполн со многу соединенија кои го поттикнуваат здравјето, овесот обезбедува различни здравствени придобивки. Богат е со бета-глукан, кој според повеќе студии се покажа дека го намалува нивото на холестерол. Тој исто така помага во контролата на шеќерот во крвта, поради неговата способност да формира гел-како супстанца во дигестивниот систем.

Зошто спелта? Спелтата е стара сорта житарица, богата со растителни влакна, како и со некои минерали кои ги нема во останатите житарки. Нејзините извонредни прехранбени карактеристики ја вреднуваат, според традиционалната медицина на многу култури, како намирница која ја враќа силата и е одлична за опоравување после болести или поголеми оптоварувања на организмот. Има фин, сладникав вкус на јатки, изобилува со диететски влакна поради што е лесно сварлива и се препорачува за деца, повозрасни и болни лица (во некои клиники е вклучена во диеталната исхрана на лица со Алцхајмерова и Паркинсонова болест бидеќји се утврдило дека не им предизвикува дополнителни инфламаторни процеси). Во споредба со пченицата, спелтата има поголем процент на протеини и незаситени масти, а помалку јаглехидрати. Ова ја прави помалку калорична и со понизок ГИ (гликемиски индекс), па помага во одржување на константно ниво на шеќер во крвта што е важно кај дијабетичари и за одржување на нормална телесна тежина.

Што се добива кога ќе се спојат? Се добиваСупер леб“ во вистинска смисла на зборот. Интегралниот леб со супер житарки – спелта и овес, еден од трите видови супер лебови на Жито Лукс, комбинира здрави, минимално обработени состојки во еден супер хранлив производ кој не содржи палмина маст, додадени шеќери, или вештачки бои и конзерванси.

И’зртената спелта му дава посебна карактеристика, а и’зртениот овес - значајна количина на квалитетни протеини, незаситени масни киселини, растителни влакна, фенолни соединенија, со антиоксидативен карактер. Токму комбинацијата од овие „супер житарки“ го прават лебот вистински избор за енергичен оброк и уживање во секој залак.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg