Huawei го претстави годишниот извештај за 2020 година

Компанијата ја потврди својата заложба за создавање вредности за општеството и потрошувачите, и покрај сите тешкотии

huawei-go-pretstavi-godishniot-izveshtaj-za-2020-godina-01.jpg

На глобалната прес-конференција одржана на 31 март, емитувана онлајн, Huawei го претстави својот Годишен извештај за 2020 година. Иако со побавна стапка на раст, резултатите во голема мерка се во согласност со предвидувањата. Приходите на компанијата за 2020 година достигнаа 115.68 милијарди евра (891.4 милијарди CNY), што значи годишен раст од 3.8%, а нето профитот се зголеми за 3.2% на годишно ниво на 8.38 милијарди евра (64.6 милијарди CNY).

И покрај оперативните потешкотии предизвикани од државната администрација на САД во 2019 и 2020 година, Huawei продолжува да се обраќа до KPMG за независна и објективна проценка на нивната финансиска состојба. Документот доставен од KPMG е стандарден заклучок по ревизијата. Без оглед на околностите, Huawei е посветен на политика на транспарентност со откривање на своите оперативни податоци пред владите, клиентите, добавувачите, вработените и партнерите.

Во 2020 година, Carrier одделот на Huawei продолжува да обезбедува стабилно работење на повеќе од 1.500 мрежи во повеќе од 170 земји и региони. Во меѓувреме, компанијата е вклучена во повеќе од 3.000 иновативни проекти за имплементација на 5G во повеќе од 20 индустрии, како што се ископување јаглен, производство на челик, пристаништа и други индустрии. Enterprise одделот, пак, развива интелигентни решенија за различни сценарија и индустрии.

Во време на глобална пандемија, Huawei обезбеди техничка експертиза и клучни решенија за борба против вирусот. Пример за тоа е дијагностичкото решение засновано на вештачка интелигенција во Huawei Cloud, кое им помага на болниците ширум светот да го намалат товарот врз нивната медицинска инфраструктура. Решенијата на компанијата базирани на Huawei Cloud заедно со нејзините партнери создаваат онлајн платформи за обука на над 50 милиони студенти.

HuaweiConsumerBusinessGroupпродолжува да го развива екосистемот HarmonyOS и Huawei Mobile Services (HMS). Seamless AI Life стратегијата, позната и како "1+8+N", води до сè поинтелигентно корисничко искуство со сите уреди и во сите сценарија, фокусирајќи се на областите Smart Office, Fitness & Health, Smart Home, Easy Travel, и Entertainment.

huawei-go-pretstavi-godishniot-izveshtaj-za-2020-godina-02.jpg

„Останавме силни во изминатата година”, изјави Кен Ху, ротирачки претседател на Huawei. „Продолжуваме да иновираме за да создадеме вредност за потрошувачите, да помогнеме во борбата против пандемијата и да го поддржуваме економското закрепнување и социјалниот напредок во светот.”

2020 година беше особено интензивна за Huawei и македонскиот пазар. “Имавме многу успешна година за серијата P40, првата масовна серија заснована на нашата сопствена продавница за апликации AppGallery. За прв пат ги понудивме лаптопите од серијата Matebook на македонскиот пазар и резултатите ги надминаа нашите очекувања. Ја утврдивме нашата позиција на пазарот на паметни часовници и влеговме во премиум аудио сегментот со цела колекција на уреди за различни сценарија за слушање музика и квалитетна комуникација. Годината беше исполнета со бројни кампањи за да им се помогне на потрошувачите во време на пандемија.”, вели Дарина Иванова, директор за маркетинг на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.

Финансиските резултати во годишниот извештај на Huawei за 2020 година се независно ревидирани од KPMG, една од ревизорските фирми во “Големата четворка” во светот. Може да се преземе овде.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg