Максимален учинок за најмладиот тим во Суперлигата
- Детали
- недела, 28 март 2021
Убедливо најмладиот тим во Суперлигата, единствениот составен од македонски играчи на возраст од 17 до 20 години, со максимален учинок по првите четири од плеј аутот на најквалитетното натпреварување во Македонија.
Предводен од "тазе" репрезентативецот Ѓорѓиев, но и Петковски, Симоноски и Ѓорговски, Голден Арт КЛ7 демонстрира модерен ракомет игра многу трчање, игра која е напаѓачка и со многу атрактивни голови.
На последниот натпревар, синоќа, Голден Арт КЛ7 ја совлада искусната екипа на Младост 1977 од Богданци со 35:31 и остана непоразен во досегашниот тек од првенството.
Првиот дел се играше израмнето, гол за гол, па двете екипи се менуваа во водството, но добрата игра пред крајот на првиот дел и серијата од 7:2 му донесе предност на домаќинот со резултат 15:12.
Почетокот на првиот дел им припадна на гостите каде повторно го вратија водството во своја корист, но присебната игра на Голден Арт КЛ7 во продолжетокот од натпреварот и одличниот Андреј Петковски на голот им донесе висока предноста која беше недостижна за Младост 1977.
Најефикасен на овој дуел беше Симоноски со 10 погодоци, новопечениот репрезентативец Ѓоргиев постигна 9 додека Александар Стојков постигна 5.
Следното коло е дуел на две, досега, непоразени екипи во плеј аутот на македонската ракометна суперлига помеѓу Тиквеш и Голден Арт КЛ7.