Млеко – секое утро и вечер за добро здравје

Извор на калциум, протеини, сурутка, витамини, со својот состав млекото дава многу причини зошто да биде дел од секојдневната исхрана на децата но и на возрасните. Голем дел од состојките во млекото се неопходни за непречен процес на раст, развој и одржување на организмот во здрава форма.

mleko-sekoe-utro-i-vecher-za-dobro-zdravje-01.jpg

Toa може да биде најкомплетна и најквалитетна секојдневна исхрана за луѓето. Освен протеини, минерали, содржи уште и многу вредни и неопходни масти, шеќери, витамини и во таква форма што телото може да ги искористи брзо и на најлесен можен начин. Затоа, не ретко млекото претставува важен фактор во исхраната на старите лица, болните и оние кои се опоравуваат од некоја болест.

Неспорен е фактот дека млекото е најдобар извор на калциум, којшто е суштински за осификација на коските и формирање на забите, заедно со витаминот Д. Млекото и млечните производи, како снабдувачи со овие важни состојки, се неопходни за раст на децата, спречување на спонтани фрактури на коските кај постарите лица и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактури. Исто така, соодносот со фосфорот во млекото, овозможува висок процент искористеност на оваа состојка. Затоа ниту една друга храна, дури и со поголема содржина на калциум, не го снабдува организмот полесно и повеќе со овој минерал.

mleko-sekoe-utro-i-vecher-za-dobro-zdravje-02.jpg

Млекото е главниот извор на протеини со целосна биолошка вредност и оттаму произлегува неговата нутритивна и заштитна карактеристика. Протеините од млекото ги содржат сите потребни аминокиселини кои човекот не може да ги создаде во своето тело, туку ги внесува заедно со храната, а кои се потребни за раст, развој и регенерација на ткивата. Нивната искористеност во човечкото тело оди до 95 отсто. Така, чаша млеко наутро и навечер пред спиење обезбедува околу 32 проценти од дневната доза протеини кои го градат и обновуваат мускулното ткиво.

Освен составот директно насочен кон поттикнување на здравите процеси во организмот, има млека кои се дополнително збогатени со витамини и минерали, како што е Битолското млеко со 10 витамини. Додадените витамини А, Е, Б1, Б3, Б5, Б6, Б7, Б9, Б12, Д3, се избрани според нивната неопходност во потребното дневно внесување во организмот а посебно витаминот Д3 којшто помага за максимална апсорпција на калциумот од млекото.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg