Mozzart донираше автомобил во Клиника за детски болести во Скопје

mozzart-donirashe-avtomobil-vo-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-01.jpg

 „Компанија Mozzart уште еднаш покажа дека е пријател на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Навистина се израдувавме кога добивме информација дека ќе пристигне донација автомобил, со кој што ќе можеме ние вработените пред сè, да вршиме конзилијарни прегледи и возилото ќе ни биде од огромна помош. Како што знаете, во оваа пандемија, децата заболени од коронавирусот одат во Институтот за белодробни заболувања, а ќе треба и наша дополнителна консултација, каде што е потребно одредени деца да се одвезат до други установи, па тоа ќе биде направено со ова возило. Голема благодарност до компанија Mozzart, која повторно прави донација во нашата клиника, а досега за време на пандемијата донираа прочистувачи на воздух и лаптопи наменети за децата од хемато-онколошкото одделение.“ – изјави директорката на Клиниката, Д-р. Аспазија Софијанова.

Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат донираше нов автомобил во Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Автомобилот ќе биде наменет за вработените кои вршат конзилијарни прегледи и дополнителни консултации во други здравствени установи, како и за останатите потреби на Клиниката, меѓу кои превозот на деца во други установи кога за тоа има потреба.

mozzart-donirashe-avtomobil-vo-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-02.jpg

Од ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се заблагодарија на донацијата која им е од огромно значење, особено во овие услови на пандемија од Ковид-19.

„Компанија Mozzart уште еднаш покажа дека е пријател на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Навистина се израдувавме кога добивме информација дека ќе пристигне донација автомобил, со кој што ќе можеме ние вработените пред сè, да вршиме конзилијарни прегледи и возилото ќе ни биде од огромна помош. Како што знаете, во оваа пандемија, децата заболени од коронавирусот одат во Институтот за белодробни заболувања, а ќе треба и наша дополнителна консултација, каде што е потребно одредени деца да се одвезат до други установи, па тоа ќе биде направено со ова возило. Голема благодарност до компанија Mozzart, која повторно прави донација во нашата клиника, а досега за време на пандемијата донираа прочистувачи на воздух и лаптопи наменети за децата од хемато-онколошкото одделение.“ – изјави директорката на Клиниката, Д-р. Аспазија Софијанова.

Од Mozzart велат дека во овие тешки моменти во услови на глобална криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, помошта и хуманите активности се значајни повеќе од било кога, особено во здравствениот систем.

„Нашата компанија преку различни и бројни акции континуирано го поддржува здравствениот систем, а се надеваме дека со оваа донација ќе помогнеме во непречено функционирање на дел од теренската работа на клиниката. Ова не е прв пат да ја посетиме ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести. Досега таму дониравме медицинска опрема во вкупна вредност од 1.100.000 денари, а за време на пандемијата од коронавирусот дониравме прочистувачи на воздух во рамки на кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“, понатаму дониравме лаптопи наменети за потребите на хемато-онколошкото одделение. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Подготвуваме и нови хуманитарни акции кои ќе се реализираат во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

mozzart-donirashe-avtomobil-vo-klinika-za-detski-bolesti-vo-skopje-3.jpg

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, болнички кревети за интензивна нега, пакети со храна, телевизори, компјутери, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg