7 предности на онлајн шопингот преку виртуелни продавници

7-prednosti-na-onlajn-shopingot-preku-virtuelni-prodavnici-01.jpg

Едноставност

Главната предност на онлајн шопингот е погодноста за потрошувачот. Повеќето луѓе имаат динамичен живот, исполнет со многу обврски и кога треба да купат нешто, обично се одлучуваат да го направат тоа преку Интернет, наместо да одат во физичка продавница. Тоа им заштедува време, напор, па дури и пари. Едноставно кажано, поудобно им е да го сторат тоа од своите домови отколку во продавница. Дополнително, онлајн продавниците се достапни 24/7, па може буквално било кога и да ви текне, од било каде да си направите нарачка.

Заштедува време

При посета на онлајн продавниците нема потреба од пресоблекување, возење со автомобил, пешачење или возење во јавен превоз. Не е потребно да се бара паркинг, да се чекаат редици пред влезот, па по завршувањето на целиот процес на купување повторно да се губи дополнително време на пат кон дома. Сите потребни производи може да се набават во неколку минути.

Безбедност

Во последнава година, по почетокот на пандемијата со Ковид-19, исклучително е нагласена новоразвиената потрошувачка потреба за безбедно купување. Со онлајн шопингот се избегнуваат потенцијално ризичните контакти, се избегнуваат редиците кои се создаваат поради новите правила и ограничувања и целиот процес се завршува со целосно чувство на сигурност и заштитеност.

Подобри зделки

Производите достапни за онлајн нарачки речиси секогаш имаат подобри цени од оние во продавниците. Исто така, онлајн продавниците многу често знаат да понудат промотивни пакети и одлични зделки. Сето ова ви заштедува пари и ви нуди одлична вредност.

7-prednosti-na-onlajn-shopingot-preku-virtuelni-prodavnici-02.jpg

Повеќе информации

Вообичаено описите и информациите за производите достапни онлајн даваат подетален приказ на самиот производ отколку во физичките продавници. На пример, ако сакате да дознаете информации плус за конкретен производ, можете многу лесно и брзо да го сторите тоа за време на разгледувањето и купувањето, аспект што вообичаено не e достапен до тој степен при купување во продавниците. Исто така, достапни се споделени лични искуства, од личности кои се веќе корисници на некој производ. Ова може да ве увери дека производот е со добар квалитет од гледна точка на другите и е нешто до кое не можете секогаш да имате пристап во физичките продавници, потпирајќи се само на вашата лична перспектива, за да одлучите за квалитетот и соодветноста на одреден производ.

Повеќе контрола

При онлајн купувањето вие сте во целосна контрола на процесот, може да си дозволите колку време сакате да разгледувате, проверувате, да размислувате и да се одлучувате за понудените опции, без притоа да задржувате нечие време, да одземате време на вработените и без да создавате нервоза кај оние не баш стрпливи потрошувачи кои чекаат да бидат услужени после вас. Можете колку сакате да се задржите на деталите и спецификациите за понудените производи сѐ додека не сте сосем сигурни и убедени дека сте го направиле вистинскиот избор.

Нема притисок

Безбедно, брзо, прилагодливо, лесно, во било кое време, од било кое место. Сѐ ова е синоним за онлајн купување. Иако сѐ уште се доста застапени навиките за набавување на потребните нешта од самите продавници, сé почесто, делумно поради природната промена на потрошувачките навики и трендови, делумно принудени од ситуацијата со пандемијата, бројот на корисници на онлајн продавниците е зголемен.

Истражувањата предвидуваат дека до 2023 година, електронската трговија ќе сочинува 22% од глобалната продажба на мало, бројка која се очекува да порасне понатаму благодарение на најновите технолошки достигнувања кои го прават онлајн шопингот попогоден за сите од било кое место и без притисок при пазарувањето.

Во неодамнешниот напредок во светот на е-трговијата сé повеќе е актуелен феноменот наречен виртуелна продавница: високотехнолошки, дигитален одговор на личното искуство што го уживаат потрошувачите на физичките локации за малопродажба.

7-prednosti-na-onlajn-shopingot-preku-virtuelni-prodavnici-03.jpg

Имено, сегашната ситуацијата наложи претставувањето на најсовремените електронски уреди наменети за возрасните пушачи, IQOS, кај нас да оди директно и во прв момент, исклучиво онлајн. При онлајн купувањето, покрај своите предности, како слабост може да се издвои недостатокот на можност за консултација, поставување на прашања или корисничка поддршка. За среќа, тоа не е случајот на - mk.iqos.com, каде покрај опцијата за нарачка од е-продавницата, постои и виртуелна IQOS зона, достапна на еден клик, преку која експертите лично ќе се погрижат на секој корисник да му дадат препорака при изборот на IQOS или соодветен додаток и да ја направат нарачката за корисникот. Онлајн нарачката e само почетокот на корисничкото искуство со брендот IQOS. Испораката ја прави IQOS консултант, кој не е тука само поради логистика, туку за да посвети време и внимание на новиот корисник, за запознавање со уредот, како се користи IQOS, од основни до понапредни совети. За оние кои ќе се одлучат за оваа подобра алтернатива постои и персонализирана програма со која во првите 2 недели од користењето на IQOS добиваат поддршка од нашите експерти. На самиот сајт постои и посебен дел поддршка каде може да се добијат информации како првите чекори, да се пронајде решение за одреден проблем, најчесто поставувани прашања и сл.

Откажувањето од цигари е најдобрата опција за намалување на штетните ефекти предизвикани од оваа навика, но доколку спаѓате во онаа категорија која не може или не сака да се откаже, преминувањето на алтернатива која го намалува ризикот и докажано ја намалува изложеноста на штетни и потенцијално штетни материи, е вистински избор за промена кон вашата иднина без чад.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg