НЛБ Банка Ве советува: Штедете го кусурот за нештата кои ги посакувате!
- Детали
- вторник, 16 март 2021
Сите понекогаш сме внимателни што посакуваме, бидејќи не секогаш сме во можност да ги оствариме желбите кои сме си ги замислиле. Наместо да бидеме претпазливи што посакуваме, зошто да не ја ослободиме фантазијата, а во исто време, со малку штедење да реализираме дел од желбите.
Штедењето, иако сите ќе признаеме е позитивна навика, не секогаш ни оди од рака редовно и континуирано да ја одржуваме дисциплината. Како експерти во својата област, НЛБ Банка, увидувајќи го овој предизвик со кој се соочуваат нивните клиенти, им ја овозможува услугата „Штеди го кусурот“. Станува збор за услуга која НЛБ Банка уште пред 8 години прва ја воведе на пазарот и преку која со секое плаќање со платежна картичка клиентите имаат можност да го заштедат кусурот.
Ова е навистина едноставен начин на заштеда на помали средства на редовна основа. Со оваа опција, НЛБ Банка на клиентите им овозможува плаќањата преку нивните платежни картички да се заокружуваат на износ што самите ќе го одредат. Разликата, пак, од плаќањето до одредениот износ што клиентот го одбрал, се префрла на посебна штедна сметка.
Практично објаснето доколку го купивте Вашиот појадок во износ од 70 денари, а сте избрале да ги заокружувате износите на трансакциите на 100 денари, разликата од 30 денари можете да ја заштедите на посебната штедна сметка. На овој начин Вие штотуку ја реализиравте Вашата првата заштеда од 30 денари!
Можеби овој износ не ви делува многу примамливо, но во тоа се состои и поентата на штедењето. Со конзистентно издвојување на незначителна сума на пари, по извесен период, ќе успеете да соберете доволно средства за да си остварите некоја Ваша желба или потреба.
НЛБ „Штеди го кусурот“ може да се користи за штедење / заокружување на износи при безготовински плаќања направени во земјата со сите дебитни и кредитни картички од програмата на VISA и MasterCard International издадени од НЛБ Банка.
За да ја активирате и користите оваа услуга, сè што треба е да ја посетите најблиската експозитура на Банката и да пополните барање за НЛБ „Штеди го кусурот“, додека за сите дополнителни информации можете да се обратите на телефонот 02/15-600.