Една деценија Халкбанк на македонскиот пазар – силен бренд кој влева доверба кај населението, стопанството и државата
- Детали
- среда, 10 март 2021
Со актива која за една година порасна за 152 милиони евра и достигна над една милијарда евра, што претставува раст од 14%, со зголемување на кредитирањето за 14,10% и пораст на депозитната база за 18,63%, Халкбанк АД Скопје и во 2020 година ја потврди својата позиција на најбрзорастечка банка во земјава.
Позиција која овозможи за една деценија, колку што работи на македонскиот пазар под името Халкбанк, да стане четврта најголема банка и една од системски значајните банки во земјава и истовремено да биде еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар.
Почнувајќи со работа во 2011 година под брендот Халкбанк со актива од 151 милион евра и наследено минусно салдо, односно загуба од 187.000 евра, банката веќе следната година ја удвои активата и прокнижи добивка од половина милион евра, зголемувајќи ги и кредитирањето и депозитната база. Со ваквото темпо Халкбанк продолжи и во сите следни години, надминувајќи го проектираното. Во2019 година, на пример, таа оствари раст на активата за 166,5 милиони евра, најголем во однос не само на големата банкарска петорка, туку и во однос на сите банки во земјава и забележа и зголемување на кредитното портфолио за 66,5 милиони евра што беше исто така најголем раст на износ на кредитирање во конкуренција на сите 15 банки кои во таа година егзистираа на македонскиот пазар.
Година дена подоцна, односно ланската кризната 2020 година, Халкбанк ја заврши со актива од 1085,9 милиони евра, од кои речиси 130 милиони евра сопствен капитал. Но и со пласирани околу 714 милиони евра кај граѓаните и стопанството, дури за 101,2 милиони евра повеќе од претходната година и со депозитна база од над 689 милиони евра. Притоа, стапката на нефункционални кредити кај Халкбанк изнесува 1%, што е далаку под она што беше состојба во банката пред една деценија, кога проблематичните кредити изнесуваа 4,8%. Но истовремено е далеку и под просекот на ниво на државата кој лани изнесуваше 3,4% и беше на рекордно најниско ниво.
Остварените резултати се најдобра потврда за успешноста во работењето и остварувањето на целта поставена со влезот на македонскиот пазар – да биде една од најголемите банки во земјава.
Резултатите кои ги постигнува банката се резултат и на постојаните вложувања во подобрување на квалитетот и нивото на услугите. Ако пред 10 години Банката имаше 21 филијала, денес тој број се зголеми на 43, бројот на банкомати од 48 порасна на 133, на ПОС терминали – од 975 на 7634, а согласно со растот на Банката, се зголеми и бројот на вработени од 275 на 632.
Халкбанк опслужува илјадници граѓани, како и мали, средни и корпоративни претпријатија и јавни институции и нуди широк спектар финансиски услуги, вклучувајќи персонално банкарство, кредитни картички, станбени кредити, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, како и платен промет во земјата и во странство.
Банката денес е лидер во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.
Халкбанк, чие основно мото е „Важни се луѓето“ е препознатлива во земјава и како општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за луѓето, природата, средината, културата и спортот.