А1 за корисниците на мобилната телефонија - 30GB сурфање на најбрзата мобилна мрежа во земјата
- Детали
- понеделник, 08 март 2021
Скопје, 8.3.2021г. – А1 Македонија продолжува да го збогатува своето портфолио со понуди и услуги и за своите корисници на мобилна телефонија воведува можност за зголемено количество мобилен интернет и зголемен попуст за нови смарт телефони што ја прави комуникацијата уште поопуштена.
Од сега, во понудата на А1 Македонија е најновата промоција за корисниците на мобилната телефонија кои со склучувaње на нов договор или обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ имаат можност да изберат нов смарт телефон и тоа од атрактивните модели Samsung A12 по цена од 199 денари/месечно и Huawei P Smart 2021 по цена од 199 денари/месечно. Притоа корисниците добиваат и 30GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа што неодамна е потврдено со мерењата за квалитет на мрежи од независното регулаторно тело, Агенцијата за електронски комуникации.
Дополнително, корисниците ја добиваат и опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef која можат да ја користат и за други услуги. Имено, со функционалноста на A1 Net Sef, единствена од ваков вид на европскиот пазар, корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори.
Со оваа опција за размена, корисниците кои патуваат во странство или имаат потреба од меѓународни повици можат едноставно преку мобилната апликација Мојот А1 да активираат дополнителен пакет по свој избор.
Најновата промоција на А1 Македонија е уште една потврда на заложбата за креирање производи и услуги кои придонесуваат за поедноставна и богата комуникација и премиум корисничко искуство.
Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk