Инвестицискиот циклус на „Макпетрол“ АД продолжува, реновирана и модернизирана бензинската станица во централното градско подрачје на Тетово

Во изминатиот период, „Макпетрол“ АД, најголемиот дистрибутер на горива во државата, постојано инвестира во обнова на своите бензински станици како и изградба на нови, со цел подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

investiciskiot-ciklus-na-makpetrol-ad-prodolzhuva-renovirana-i-modernizirana-benzinskata-stanica-vo-centralnoto-gradsko-podrachje-na-tetovo-01.jpg

И во овие отежнати економски услови предизвикани од Ковид-19 пандемијата, „Макпетрол“ АД вложува максимални напори кон задоволување на растечките потреби на своите потрошувачи и воедно, при тоа да им овозможи квалитетно, сигурно и економично снабдување со нафтени деривати, гас и био горива.

Овој пат, својот инвестициски циклус компанијата го продолжи со реновирање на постојната бензинска станица, лоцирана во централното градско подрачје на Тетово. Станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат во текот на 24 часа, секој ден во неделата.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува околу 70 милиони денари. На бензинската станица се достапни квалитетните горива од ULTRA фамилијата на Макпетрол, вклучувајќи го и течниот нафтен гас за возила, а во продажниот објект на бензинската станица на потрошувачите им стои на располагање широк избор на производи од дополнителниот асортиман.

„Макпетрол“ АД продолжува понатаму со инвестицискиот циклус, следејќи ги најновите достигнувања и иновации во делокругот од своето работење, со особена посветеност кон унапредување на високиот квалитет на производите и услугите наменети за своите лојални потрошувачи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg