Елеонора Дуљанова, ракотворец со многу таленти: „Во Лондон научив техники за керамика, Македонците ценат уникатност“
- Детали
- петок, 05 март 2021
Љубовта кон уметноста е порив кој доаѓа од душата. Тој порив претворен во енергија го определува работниот свет на една индивидуа.
Креативноста од секогаш ја поттикнувало Елеонора Дуљанова, таа од дете се занимава со применета уметност. Да експериментира со различни материјали, форми создавајќи уникатни уметнички парчиња кои го красат домот или пак се дел од префинетиот изглед на секоја храбра и ,,своја” жена.
Почнувајќи со керамика, па цртајќи на свила, последниве години Елеонора изработува навистина интересни и фасцинантни цветови од природна кожа, главно брошеви како модни детали и друг накит исто така од кожа во комбинација со керамика.
Таа е една од ретките во Македонија што се занимава со изработка на марами од свила. Пред 20 години посетувала курсеви и колеџ за дизајн на керамика во Брајтон и во Лондон. Досега учествувала на многу саеми за рачно изработени производи. По струка е Историчар на уметност.
Колку време е потребно да се изработи еден цвет од кожа, навистина има многу детали на цветовите, и какви бои ставате на кожата, претпоставувам дека тоа се некои специјални за кожа?
Да тоа се специјални бои кои ги користам, за да не може да се извади насликаното. За да направам една ружа понекогаш ми треба и половина ден, бидејќи секој слој го сликам посебно, потоа чекам да се исуши па ја фиксирам, па обликување, потребно е доста време за да создадам еден цвет.
Посетете ја Facebook страната на Елеонора.
Вие сте меѓу малкуте што се занимваа со изработка на керамички садови...?
Кога бев во Лондон се запишав прво на курсеви па после и на колеџ за керамика и таму научив повеке техники за изработка на керамички производи , но поради условите во Скопје кои не ми дозволуваат да купам печка за керамика ,се насочив кон други форми на применета уметност, но повремено се вракав на керамиката.
Сега повеќе сликате марами и изработувате накит, како го правите тоа и каде црпите идеи?
Па, цртањето марами повеке, но и изработката на накит е сложен процес. Имено, прво купувам материјали за марамите најчесто свила. Марамата ја оптегнувам на рамка исто како кога се подготвува платно за сликање, прво правам скица, а потоа ги нанесувам боите. За накитот од керамика го користам студиото на Тања- Керакамика кафе во Ѓорче, каде изработувам и други предмети но почесто накит. Керамичкиот накит го изработувам во комбинација со кожа, а често правам и накит целосно изработен од кожа.
Идеите ги добивам спонтано, но исто така наоѓам инспирација во се околу мене, и како што ја зголемив палетата на производи така и идеите самите се повеке доаѓаат.
Има ли купувачи во Скопје на рачно изработени работи како вашите?
Па марамите повеќе ги купуваат странци, но останатите производи како керамички пепелници, други садови, накит и брошеви им се допагаат и на Македонците. Бидејки има и македонски купувачи кои ценат рачно изработени аксесоари и производи, и исто така ја ценат уникатноста. Брошевите оваа сезона се хит.