Производите кои содржат никотин се ефикасни во борбата против пушењето

Електронските уреди што содржат никотин се најефикасната алатка за откажување од пушење во Велика Британија, покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје во таа земја.

proizvodite-koi-sodrzhat-nikotin-se-efikasni-vo-borbata-protiv-pushenjeto-01.jpg

Податоците покажуваат дека употребата на овие уреди, како дел од терапијата за откажување од пушење, во последните две години имала една од највисоките стапки на успех во престанокот на пушењето, која се движи меѓу 59,7% во 2019-та и до 74% во текот на 2020-та.

Се проценува дека при откажувањето на пушењето, дури 27,2% од испитаниците се одлучиле за електронски производи со никотин, т.н. „вејпинг“.

Истражувачите од британскиот Институт за јавно здравје покажуваат и загриженост поради тоа што „испитаниците погрешно го толкуваат релативниот ризик што го носат овие уреди во споредба со цигарите кои го согоруваат тутунот“.

Овие резултати покажуваат дека перцепцијата на корисниците не е во согласност со извештаите на експертите од Велика Британија и САД, кои заклучуваат дека „употребата на регулирани производи е далеку помалку штетна од пушењето цигари“.

„Досегашните истражувања покажуваат дека ‘вејпингот’ е помалку штетен од согорувањето на тутунот и, како што се истакнува во извештајот, може да им помогне на луѓето да се откажат од пушењето. Долгорочната штета од пушењето е непобитна“, рече Мишел Мичел, извршен директор на Организацијата за истражување на рак во Велика Британија.

Како што изјави за српската агенцијата Бета, Александра Јешиќ, општ лекар, најдобриот избор што секој пушач може да го направи е целосно да се откаже од тутун и никотин.

„Оние кои не сакаат да го сторат тоа, имаат трет избор, а тоа е да се информираат за помалку штетните алтернативи“, вели Јешиќ.

Таа посочи дека постојат бројни студии кои потврдуваат дека тутунските производи кои не горат тутун се значително помалку штетни од цигарите и чадот од тутун, кој покрај јаглерод моноксид и катран, содржи околу 100 други познати канцерогени супстанции.

„Ако знаеме дека дури секој десетти пушач успева да се ослободи од цигарите, лесно можеме да забележиме промена во полето на јавното здравство во оваа област. Сепак, потребно е овие уреди да се регулираат пред да излезат на пазарот“, вели Јешиќ.

IQOS уредот е единствениот уред кој американската Агенција за храна и лекови (ФДА) го категоризира како производ со модифициран ризик и потврдува дека изложеноста на организмот на штетни и потенцијално штетни материи за време на употребата е значително намалена во споредба со употребата на цигари и истиот е достапен кај нас.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg