Скопје како Неапол: PASSIONE NEAPOLITAN PIZZA го освојува градот

Во ценатрот на градот се случува Pizza – NEAPOLITAN -манија која има потенцијал да го „маѓепса“ Скопје.

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-01.jpg

Со прекрасната локација на фонтана кај Градскиот парк,  моментално е паркиран PIZZATRUCK trailer, приколка ”PASSIONE NEAPOLITAN PIZZA SHOP”, кој нуди неверојатно квалитетен избор на пици кои се подготвени по оригинален рецепт од Неапол, Италија.

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-05.jpg

Наполитанската (неаполската) пица, која за многу кратко време привлече големо внимание кај граѓаните, е уникатно и внимателно одбрана во поглед на производите, каде во составот влегува мешавина од различни видови италијански брашна и состојки од највисок италијански квалитет што ја прави посебна.

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-09.jpg

Тајната на оваа пица е многу едноставна. Брашно, вода, квасец и сол. И тоа е тоа. Еластична основа, голем корниз, долга левитација со брашно од тип 00 (зеро-зеро), мал процент од интегрално брашно, хидрирано до 60% ја прави оваа наполитанска пица крцкава, лесно сварлива, мека и лесна.

Имено, за многу кратко време PASSIONE NEAPOLITAN PIZZA стана референтно име за многумина. Тоа е италијанско катче на македонскиот пазар зад кое стои една мала реалност родена од соништата на креаторот Matto Napoletano,(В.З)  кој е по потекло од Скопје, но „неаполски во душата“, и кој силно веруваше во овој иновативен проект.

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-06.jpg

Ако некогаш сте го посетиле Неапол во Италија, знајте дека оваа пица ќе ве врати на момент на убавината на градот, неговиот шарм и заводливост.

Накратко, ако сакате да направите паузи за ручек или, едноставно, сте страствени обоважатели на квалитетна улична храна, PASSIONE NEAPOLITAN PIZZA TRUCK  е навистина одлична алтернатива и добра можност да јадете вистинска неаполска пица во Скопје.

Работното време на Pizza Truck е од 10:00 – 23:00 часот.

Достава: +38970391144

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-08.jpg

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-04.jpg

skopje-kako-neapol-passione-neapolitan-pizza-go-osvojuva-gradot-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg