Колективен постапувач ОИЛТЕК Доо – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Компаниите кои увезуваат или произведуваат моторни масла во Македонија се соочуваат со зголемени обврски по донесувањето на Законот за проширена одговорност на производителот.

kolektiven-postapuvach-oiltek-doo-vash-partner-za-odgovorno-upravuvanje-so-maslo-i-otpadno-maslo-01.jpg

ОИЛТЕК, како лиценциран колективен постапувач за масло, е тука да им помогне на сите економски оператори/увозници да ги исполнат законските обврски брзо, безбедно и ефикасно.

Зошто е важен договорот со ОИЛТЕК?

Законска усогласеност – Обврската за плаќање на еколошка такса и соработка со колективен постапувач е регулирана со Законот за проширена одговорност. Без склучен договор, компаниите не можат да царинат и подигнат увезеното масло

Царинска контрола – Со зголемени инспекции и нови контроли, сите увозници мора однапред да обезбедат Потврда за регистрација и соработка со колективен постапувач, за да избегнат задржување на стока и дополнителни трошоци.

Еколошка одговорност – Со ОИЛТЕК, компаниите не само што ги исполнуваат своите обврски, туку придонесуваат и за зачувување на животната средина преку правилно управување и рециклирање на отпадното моторно масло.

kolektiven-postapuvach-oiltek-doo-vash-partner-za-odgovorno-upravuvanje-so-maslo-i-otpadno-maslo-02.jpg

Партнерство со сигурност и искуство

Од вкупно пуштени на пазарот 1.500 тони масло од членките на Оилтек во 2024 година, собрани се повеќе од 320 тони, рециклирани се 170 тони во земјава, а дополнителни 125 тони беа извезени за рециклирање во странство или повеќе од 90% од собраното масло е рециклирано.  Сите количини се обработени без ниту една неправилно отстранета капка – податок што потврдува дека компанијата работи со врвни еколошки стандарди.

Со повеќе од 40 активни договори со компании како Мотоцентар, Макпетрол, Порше Македонија, Еуроимпекс, Гранит и други, го одбраа ОИЛТЕК како докажан партнер во исполнување на еколошките обврски и рециклирачка ефикасност.

Контактирајте ги Оилтек и станете дел од нивната мрежа на соработници со пополнување на едноставен формулар ТУКА  или пак контактирајте ги на 071 327 139.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg