Караванот на мајчинство на dm и Матрона продолжува со шестата бесплатна онлајн обука на 26 февруари!
- Детали
- петок, 21 февруари 2025
dm и Матрона ги покануваат идните мајки и родители на шестата обука од „Караван на мајчинство“, која ќе се одржи онлајн на платформата Zoom на 26 февруари од 17 до 19 часот.
Оваа бука е посветена на две важни и инспиративни теми: ,,Психолошки промени што се јавуваат во текот на бременоста и по породувањето.“ и ,,Совети од педијатар: како до подобар имунитет кај децата?“.
На оваа обука, учесниците ќе имаат уникатна можност да слушнат од два врвни експерта: Прим. д-р Марина Поп Лазарова – неонатолог и м-р Марија Стојкоска-Василевска – психолог.
Оваа обука не е само можност за учење; таа е патување кон саморазвој и споделување на искуства. Во овој убав, но понекогаш и предизвикувачки период, поддршката од заедницата е од суштинско значење. Секој учесник ќе може да се поврзе со други родители, да разменува искуства и да се инспирира од нивните приказни.
Пријавувањето е едноставно! Секој заинтересиран може да се пријави преку оваа адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Присуството на обуката е важен чекор кон создавање на посветла иднина за себе и своето дете.
Во наредниот период, „Караван на мајчинство“ ќе продолжи со нови обуки, нудејќи нови можности за учење и растење. Сите учесници се охрабруваат да бидат дел од оваа инспиративна иницијатива и да ја прошируваат својата мрежа на поддршка. Со нетрпение го очекуваме 26 февруари - денот кога ќе се споделат знаења, искуства и љубов!