ЗОО Скопје со нова зимска кампања - „Купи карти сега, искористи ги до 01.06"
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2025
Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на зоолошката градина секогаш се труди и успева животните да добиваат првокласна храна според класифицирана европска табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години.
Токму затоа ги повикуваме сите општествено одговорни компании, ресторани, институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 01.06, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени или потрошувачи и клиенти.
Со секоја ваша купена влезница помагате за благосостојбата на животните, но и успешно да го прославиме јубилејот „100 години Скопје ЗОО" .
Сите заинтересирани може да не контактираат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.