Психологот до Снеже Велков: „Ми се превртува желудникот од прашањето!“
- Детали
- петок, 24 јануари 2025
Те знаат ли од партија дека си кај мене? - му се обрати Снеже Велков на градоначалникот на Бутел Дарко Костовски откако тој рече дека на првиот час на политичките студии научил дека Политиколог и Политичар е исто што и Криминолог и Криминалец.
Досетливо пак Дарко Костовски дофрли: Затоа го избегнав моментот со црниот појас додавајќи дека политиколозите служат да им прават евалуација на политичарите а тој како две во едно го хакнал системот.Инаку Дарко е всушност тренер на освојувачот на олимписокот медал во теквондо за Македонија.
Дарко беше ставен во уште една не предвидлива ситуација каде требаше да одговори Дали ќе дозволи не соодветен човек да застане на позиција ако тој знае нешто што другите не го знаат?На што одговори дека не би се мешал во нечија судбина...
Темата всушност беше како и кога треба да одговараме:Да се држиме до она Попаметниот попушта или молчењето е злато или сепак да одговориме жестоко.
Од останатите гости Мијата одговори дека ако случајно ја види девојката на другар со друг ќе се направи дека не ја видела и ке се држи до она Молчењето е злато а во однос на тоа кој попушта по дома рече:Жената треба да попушти за да инвестира во сексуалното здравје на мажот
А пак психологот Тиана Ивановска имаше еден жесток одговор на провокацијата од водителката Дали Психолозите продаваат магла? па рече-Ми се превртува желудников од прашањето.
Марио Арангеловски, кој рече дека бил и ќе остане Црна Овца направи свое видување на тој феномен, Црните овци всушност се иноваторите и оние кои создаваат нешто ново па и Тесла бил окарактеризиран како црна овца
Психологот го даде завршниот збор и ги оправда Црните овци во семејството:Тоа се оние кои поставуваат прашања и кои сакаат да го сменат текот на работите, затоа се добра работа и не треба да се срамиме од нив тие се лидери на промените
Погледнете ја епизодата во продолжение: