Петар Спасеновски и Петар Заборски членови на „Макпетрол” заминаа за Париз, Франција да земат учество на првиот турнир од 1 Светска Премиер карате лига
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
Од „Макпетрол” не известија дека претставник на Светската 1 Премиер карате лига, во Париз, кој има исполнета норма за учество е репрезентативецот Петар Спасеновски, и тој ќе настапи во категоријата (-84 кг).
Петар Заборски во моментов иако е најдобро рангиран Македонски каратист на светската ранг листа, на овој турнир ќе биде во својство на тренер, бидејќи сеуште се опоравува од повредата здобиена на светската лига во Салзбург.
Во моментов каратистите на Макпетрол, се единствени Македонски каратисти во машка конкуренција, кои имаат обезбедено норма да бидат во ТОП 32, рангирани каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што е примарен предуслов за учество на ова престижно натпреварување. Во Париз учествуваат вкупно 380 каратисти од 70 држави, по 32 спортисти во секоја тежинска категорија.
Натпреварите започнуваат Петок 24.01.2025 год, а завршуваат во Недела 26.01.2025 год.
На Премиер лигата настапуваат 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група.
Потоа само прворангираниот во групата ги продолжува борбите во четвртфиналето.