Уникатни дрвени куќички на само половина час од центарот на Скопје: Наполнете ги батериите на чист воздух
- Детали
- понеделник, 23 декември 2024
Дали сте подготвени да избегате од загадениот градски хаос и да се засолните во природа на чист и свеж воздух?
На само половина час од центарот на градот, во селото Кучково ќе ги најдете Casa Verde House. Станува збор за две дрвени куќички кои нудат мир, спокој и природна убавина која ќе ви помогне да се опуштите и да ги наполните батериите.
Casa Verde House е место каде што се комбинираат удобноста, приватноста и природата. Секој детаљ е внимателно осмислен за да ви понуди не само визуелно уживање туку и максимален комфорт.
Капацитетот на куќичките е за 2 лица, од кои што едната нуди опција за плус еден или две деца. Сместувањето располага и со мини кујна каде што може да си подготвите брз оброк.
Спална со отворен поглед кон градот, утринско кафе со поглед на природа или вечерни седенки покрај огниште со поглед на ѕвездите?
Без разлика дали барате романтично бегство, семејна авантура или едноставно мирен одмор, овие куќички ќе ви овозможат незаборавно искуство.
Празниците се време кога природата и магијата се спојуваат. За време на зимските празници, одмор во Casa Verde House е како слика од најубавите божиќни филмови.
Замислете го ова: осветлени со празнични светилки, божиќни декорации, природа и уживање покрај огниште со прекрасен поглед на градот, дефинитивно тоа е вистинска празнична магија.