Свечено отворен целосно новиот Киа продажно-сервисен центар
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
На 12ти декември се одржа свеченото отворање на целосно новиот Киа продажно – сервисен центар, на нова локација на Перо Наков бр. 25.
Во духот на новите и подобрени стандарди кои Киа во Македонија успешно ги имплементира од глобално ниво на нашиот пазар, уште еднаш се утврди успешната работа на Киа во Македонија која заокружува веќе две декади.
Со активна работа уште од далечната 2005та, досега Киа не само што бележи успешна и непречена работа и раст, туку и одлично одговори на новите глобални стандарди на Киа од 2022-та година. Овие достигнувања, Киа ги одбележа во присуство на преку 350 гости, соработници и клиенти.
Речиси 20 години подоцна, овој нов и подобрен продажно-сервисен центар во моментов е најголемиот на Балканот, а отсега е отворен за купувачите и обожавателите на моделите на Киа.
Менаџментот на групацијата Премиум Брандс – Киа изрази благодарност до сите соработници, клиенти и гости кои го одбележаа зачекорувањето на Киа во Македонија во една нова ера на високи стандарди и врвен квалитет.
По илјадници продадени автомобили и бројни задоволни клиенти, отсега врвниот квалитет на Киа, купувачите ќе можат да го најдат на новата локација на Перо Наков бр. 25, веднаш до салонот на Волво во Скопје.
Во прилог ви ја пренесуваме атмосферата и впечатоците од свеченоста, како и фотографии од врвно изработениот ентериер и екстериер во склад со новиот глобален идентитет на Киа, кој отсега е достапен и за македонските купувачи.