Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!
- Детали
- вторник, 26 ноември 2024
Шеста година по ред, во dm дрогериите наместо посебни попусти за светски познатиот Black Friday, тие организираат Giving Friday - донираат 5% од вкупниот промет од сите dm дрогерии остварен на 29.11.2024 во хуманитарни цели!
Black Friday во dm има сосема друг карактер! Наместо да се фокусира на специјални попусти и акции, dm шеста година ја менува традицијата и го насочува нашето внимание кон оние кои навистина имаат потреба. Овој петок, тие донираат 5% од вкупниот дневен промет од сите dm дрогерии во хуманитарни цели. Имено, собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.
Во време кога светот е полн со предизвици, Giving Friday е потсетник дека солидарноста и добрината може да направат разлика. Овој петок имаме уникатна можност да се потсетиме на моќта на давањето. Giving Friday не е обичен ден – тоа е движење и инспирација. Секој купувач, секој гест, секое пазарување – сѐ тоа се делови од поголемата слика.
Затоа, направете го списокот со потребни производи и на 29 ноември се гледаме на хуманитарен шопинг во dm!