Лустер изработен од велосипед, рачно изработена маса... што сè има во домот на Моника Мирчевска, инженерка и изработувачка на ракотворби?
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
Моника Мирчевска, попозната како Моника Монкдолс, ни ги отвори вратите од својот дом во Скопје и срдечно ни ја раскажа приказната за секој детаљ во него.
За нејзиниот дом, кој воедно е и креативно студио, Моника вели дека не е само нејзин: тој е еднакво дом и на нејзиниот сопруг Славчо, нејзината ќерка и на Баша, нивното милениче, вајмарски птичар чиј портрет има почесно место во дневната соба.
„Овде се вселивме пред 5 години и, да бидам искрена, никогаш не би се отселила“, додава Моника за нејзиниот дом поддржан со станбениот кредит на Халкбанк.
Кое е највредното парче уметност во нејзиниот дом? Се разбира, сликата на нејзината ќерка, која ја насликала на својата тригодишна возраст. „Повредна е и од Пикасо!“, низ смеа раскажува Моника.
Освен деталите, кои се ултракул, како што е лустерот од велосипед ‒ подарок за Славчо, рачно изработената масичка за дневниот престој и слично, Моника нè одведе во студиото каде што, како што вели таа, мислите се исклучуваат и фокусот останува само на креативната работа: рачно изработени дрвени фигури.
Целото видео во кое Моника зборува за деталите во својот сончев, креативен дом погледнете го тука.
Повеќе информации за станбениот кредит на Халкбанк може да најдете на следниов линк или, пак, преку контакт со банката и нејзините филијали.