Шпаркасе Банка лансира платформа за онлајн ажурирање
- Детали
- петок, 04 октомври 2024
04.10.2024 година – Водејќи се од стратешката определба за континуирана дигитална трансформација, Шпаркасе Банка е на прагот да реализира уште еден проект кој ќе помогне во унапредување на банкарските процеси и во унапредување на задоволството на клиентите.
Шпаркасе Банка од денес ја лансира Платформата за онлајн ажурирање на лични податоци која ќе овозможи ажурирање на личните податоци на клиентите со OneID, без да има потреба од посета на некоја од експозитурите, се со цел непречено да се продолжи со користењето на услугите на Банката.
Клиентите може да пристапат до платформата на следниов ЛИНК
Шпаркасе Банка продолжува да расте заедно со своите клиенти, вработени и соработници, и останува фокусирана на олеснување на достапноста на производите како и забрзување и унапредување на услугите преку креирање нови дигитални решенија кои водат кон подобра иднина за сите.