Успешна соработка која трае - Спортските игри на Македонскиот полициски синдикат и годинава поддржани од Mozzart
- Детали
- понеделник, 16 септември 2024
Поддршката на спортот, спортистите и спортските настани е нешто по што веќе долг период е препознатлив лидерот во приредување игри на среќа. Токму затоа, компанијата Mozzart традиционално и оваа година даде поддршка за организација на 22-те спортски игри на Македонскиот полициски синдикат.
На спортскиот настан, учество земаа 400 натпреварувачи кои своите сили ги измерија во различни дисциплини, како: пикадо, шах, табла, пинг понг, кошарка, одбојка, атлетика и влечење јаже.
„Ваквите настани го зголемуваат синдикалниот капацитет и доверба кон Македонскиот полициски синдикат, а воедно се унапредува и комуникацијата и дружењето помеѓу членовите од цела држава. Почитта и дружењето помеѓу нашите членови секогаш ни била приоритет. И оваа година имавме успешна организација на игрите, а сето тоа благодарение на поддршката од Mozzart”, изјави Зоран Кузманоски, Претседател на Македонскиот полициски синдикат.
Спортскиот настан годинава се одржа во Охрид. Покрај домашните, на истиот присуствуваа и странски гости од синдикатите со кои соработува МПС, како и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Кога станува збор за спортот и спортските активности, Mozzart е секогаш тука да ја даде својата поддршка. Драго ни е што веќе неколку години имаме успешна соработка со Македонскиот полициски синдикат и што помагаме во организација на овој настан”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Покрај соработката со МПС, лидерот во приредување игри на среќа до сега поддршка даде и на синдикатите на УЈП, ПИОМ и НСП.