Тесла на IFA 2024: Откријте ги најновите технолошки иновации од Берлин

Берлин, 6 септември - Тесла брендот е многу задоволен што е повторно на IFA саемот во Берлин, кој од 6 до 10 септември 2024 година е домаќин на најновите случувања во светот на технологијата.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-01.JPG

Како препознатлив иноватор во индустријата за потрошувачка електроника, брендот Тесла на Comtrade Distribution е горд да претстави брилијантен спектар на иновативни производи кои ќе ја воодушеват меѓународната публика.

„Ние сме подготвени за IFA 2024, еден од најважните светски технолошки настани. Нашето учество овде пред две години беше одлично и сеуште имаме драги спомени. Нашата Тесла повторно се изложува во друштвото на најдобрите на пазарот и ние со нетрпение чекаме повторно да ги видиме добро познатите лица, да соработуваме со долгорочни партнери и да воспоставиме нови деловни контакти.

Тимот на Тесла напорно работеше на презентацијата на нашето ново портфолио, ние сме горди на нивните напори и сме убедени дека нашето присуство на IFA саемот оваа година, како еден од најважните бизнис настани, ќе ги надмине сите очекувања", рече Небојша Лозо, генерален менаџер на Comtrade Distribution.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-02.JPG

Телевизори: Совршенство во секој детаљ

Во срцето на штандот на Тесла се најновите телевизори со OLED и Mini LED технологии, кои поставуваат нови стандарди во светот на дисплеј технологијата. Телевизорите на Тесла доаѓаат со far-field модул, овозможувајќи гласовна контрола на сетот без потреба од далечински управувач, благодарение на функцијата Google Assistant. Со пет премиум звучници и Dolby Atmos поддршка, секој момент од гледањето станува кинематографско искуство кое целосно ќе ве потопи во акцијата.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-03.JPG

Домашни апарати: Елеганција и интелигентно ладење

Откријте ја најновата колекција на фрижидери на Тесла со metal cooling технологија и посебен дел за ладење на вино, кој комбинира функционалност со софистициран дизајн. Понудата на Тесла исто така вклучува плочи за готвење со вградени аспиратори, како и машини за перење кои можат да се пофалат со енергетска класа А и дијамантски тапан технологија за исклучително ефикасно чистење и заштита на ткаенините. Овие машини интелигентно ја препознаваат тежината и состојбата на перењето, автоматски го прилагодуваат циклусот на перење за максимална ефикасност.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-04.JPG

Мали домашни апарати: Иновација и стил

Најновата линија на мали домашни апарати на Тесла ја вклучува револуционерната генерација на AirFryer, како и премиум уреди за нега на косата, вклучувајќи пегла за коса, фен и стилери кои даваат супериорни резултати.

Тесла, исто така, ќе претстави нова генерација на паметни роботи правосмукалки кои комбинираат врвни перформанси со елегантен дизајн.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-05.JPG

Клима уреди: Удобност и енергетска ефикасност

Клима уредите на Тесла, особено подобрената серија Виртуоз, нудат можност за гласовна контрола благодарение на функцијата Google Assistant. Моделите на Тесла со ознаката А+++ обезбедуваат супериорна енергетска ефикасност, додека функцијата Свеж воздух овозможува совршена вентилација и балансирана дистрибуција на воздухот.

tesla-na-ifa-2024-otkrijte-gi-najnovite-tehnoloshki-inovacii-od-berlin-06.JPG

Неверојатно искуство за време на годишнината на IFA

На 100-тиот IFA, Тесла ве чека во сала 22, штанд 204, каде што можете да ги истражувате најновите производни линии и да уживате во технологиите кои ги поместуваат границите на што е возможно. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа возбудлива изложба и да откриете како Тесла го трансформира светот на технологијата и иновациите.

Посетете ни во Берлин до 10 септември 2024 година!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg