„Wild at Heart“ јога ритрит во Маврово од 18-22 или викенд опција 20-22 септември

Природата ни овозможува да се повлечеме и да го одмориме оптоварениот ум преку замена на бучавата и брзото темпо на градскиот живот со сеопфатната тишина и смиреноста што ни ја носат шумата и планините.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-03.jpg

За денешниот човек кој живее во модерното доба, најдобар одмор е понуда која истовремено ќе го одмори од репетитивниот ритам на секојдневието, но и физички ќе го активира за телото да се раздвижи и да го промени своето статус кво.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-02_copy.jpg

Нашиот јога ритрит е смислен точно со таква намера, програмата со своите пет дена нуди повеќе екскурзии во природа, одмор, време за рефлексија, домашно приготвена храна, закуски и креативни активности кои имаат за цел позитивно да влијаат и да создадат длабоки врски помеѓу луѓето што ќе бидат дел од оваа наша приказна. Затоа, ве покануваме да ни се придружите на нашиот Планински јога ритрит во срцето на Националниот парк Маврово на планина Бистра.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-04.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-05.jpg

Есента најубаво се дочекува на планина, а ние имаме подготвено бројни случувања, меѓу кои: планинарење до Говедарник со посета на бачило каде што од прва рака ќе видите како се произведува младото сирење, а кој е среќен ќе може и да вкуси; тура со велосипеди околу мавровското езеро; едночасовна тура со АТВ низ дивите шуми на Галичник каде ќе посетиме манастир, а потоа ќе завршиме на групна закуска на традиционалниот бакрдан, а доколку не’ послужи времето имаме изненадување за вас, но и голем предизвик - да видиме какво е чувството да се влезе цел во реката Радика.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-06.jpg

Со цел да може повеќето луѓе да присуствуваат бидејќи знаеме дека најголем проблем е земање слободни денови од работа, ја имаме и викенд опцијата каде може да се дојде од петок поручек до недела (20-22 септември). Викенд програмата си продолжува со останатите активности меѓу кои: планинарењето и АТВ турата во Галичник.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-07.jpg

Ритритот ќе го водиме ние - Сања, Горјана и Ана. Сите три сме јога учителки кои несебично ја споделуваме праксата со нашите ученици и имаме желба да го извадиме најдоброто од нив. Нашата примарна љубов кон праксата е во форма на аштанга јога, но секоја од нас има свој индивидуален пристап во подучувањето и изведувањето на асаните. Исто така секоја од нас е голем вљубеник во природата и outdoor активностите и таму всушност и се најдовме и се здруживме вака убаво.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-08.jpg

Радосни сме што се споивме да го направиме овој ритрит и веруваме дека ќе успееме да ви ја пренесеме љубовта што ја чувствуваме спрема јогата и природата

Сања е посветена и дисциплинирана јогинка која подеднакво ги сака релаксацијата, шавасаната и пранајамата како и динамичната јога, возењето точак и планинарењето. Нејзиниот сегашен фокус е во надминувањето на ирационалниот страв од одредени асани што и помага да ги надмине стравовите во реалниот живот. Таа ќе ве научи да го зборувате јазикот на вашиот здив, да најдете леснотија во него и да му дозволите да ве води, додека умот и срцето се ослободени.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-09_copy.jpg

Ана наоѓа мир во природата, каде што планините и околината го воздигнуваат нејзиниот дух. Таа ја гледа јогата како одраз на убавината и прецизноста на човечкото тело, го хармонизира движење со смиреноста, постигнувајќи баланс помеѓу срцето и умот, помеѓу левата и десната страна на телото. Таа ќе ви ја покаже трансформативната моќ на јогата, за која е благодарна бидејќи преку неа успеала да ја формира свеста на нејзиниот светоглед.

Горјана многу сака да ги инспирира луѓето околу себе и да ги гледа како растат во своето. Навистина ужива во часовите да работи со човечкото тело, да го чувствува и да им помага на учениците да најдат простор за кој не верувале дека постои. Вљубена е во аштанга праксата преку која доживува голема трансформација на личноста и затоа со голем ентузијазам сака да го пренесе истото. Таа ќе ве мотивира дека можете да направите се, па дури и да застанете на глава.

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-10_copy.jpg

Следното ве очекува, а активностите означени со * се дел и од викенд опцијата:

🔶Две јога пракси на ден во различни стилови: аштанга, нидра, хата

🔶Медитација во природа

🔶Journaling

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-11_copy.jpg

🌲 Авантурите кои ве чекаат:

🔶Бајк тура околу езерото

🔶Освојување на врвот Говедарник*

🔶Посета на Галичник и ручек во природа*

🔶Едно-часовна АТВ тура низ недопрена природа*

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-12_copy.jpg

🏠 Сместување

🔶Голема и целосно опремена вила со отворен простор за вежбање и медитација

🔶Прекрасен поглед кон езерото

🔶Логорски оган

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-13_copy.jpg

🥗 Храна

🔶Домашно приготвени специјалитети од домаќините

🔶Доручек и вечера, ужинки и пијалоци во неограничена количина

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-14_copy.jpg

Вкупниот капацитет на ритритот е до 15 лица. Транспортот до ритритот е во сопствена режија, но доколку имаме можност можеме да ви помогнеме.

Доколку ве интересира да бидете дел од нашиот прекрасен, авантуристички јога ритрит, ве молиме да не’ контактирате на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или да ни се јавите на 078755824.

Повеќе информации може да најдете и на нашата веб страна: www.rebloomyoga.com

Ве очекуваме, имаме голема радост да споделиме со секој што ќе дојде!

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-15_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-16_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-17_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-18_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-19.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-20_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-21_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-22_copy.jpg

wild-at-heart-joga-ritrit-vo-mavrovo-od-18-22-ili-vikend-opcija-20-22-septemvri-23.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg