Патувачката гајба на Скопско пропатува низ градовите во земјава, со најава за големата роденденска забава во Скопје
- Детали
- петок, 06 септември 2024
Со патувачка гајба и поставки во неколку градови на земјата започна големата прослава по повод 100 години постоење на омилениот бренд на пиво на овие простори – нашето Скопско, кое е дел од сите важни прослави и моменти во животот.
Во текот на месец август караванот на Скопско помина низ шест различни градови од земјата и ја донесе славеничката атмосфера поблизу до луѓето, а роденденската прослава ќе кулминира на 21 септември, кога Скопско ќе ја организира огромна летна журка во Скопје и ќе ги подигне чашите во вис за да наздрави за следните 100 години заедно!
Патувачката гајба досега беше во неколку градови во нашата земја, Струмица, Куманово, Охрид, Прилеп, Штип и Битола. Поставката која симболично ја доби формата на пивска гајба е всушност подвижен, монтажен музеј во чија внатрешност можат да се видат интересни информации за брендот Скопско, за самото пиво и за начинот на кој се подготвува. Секој можеше да понесе со себе и фотографија од него и Скопско која означува некаков посебен момент, кои потоа во дигитална форма се изложуваа како дел од поставката во патувачката гајба. А надвор од неа, посетителите имаа можност да уживаат во забавата која имаше различна програма за секој град, како и да ја гасат жедта со ладно Скопско наточено на некој од продажните штандови.
Забавата не помина без добра музика, и домашните изведувачи како Нокаут, Ареа, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, DJ Гоце, Фолтин и многу други кои со нивните песни ја разигруваат публиката, најавувајќи и загревајќи ја атмосферата за она што следува на 21 септември во Скопје.
А таму, на 21 септември, Скопско ќе ја организира најголемата роденденска забава досега и ќе го прослави својот 100-ти роденден заедно со луѓето кои го направија број 1 бренд во земјата – љубителите на доброто пиво.
Предвидени се настапи на некои од најголемите домашни музички имиња, забавни активности, многу ладно пиво и специјални изненадувања кои ќе го заокружат роденденот на Скопско во спектакуларен стил.
Остануваат малку денови до големата роденденска забава на Скопско. Затоа, информирајте ги најблиските, планирајте го друштвото и бидете дел од најголемата здравица досега! На здравје за Скопско и за следните 100 години!