dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во ТЦ ,,Bliss Mall&Retail Park“ во Битола!
- Детали
- понеделник, 12 август 2024
Континуираната експанзија на најголемиот дрогериски ланец во Европа - dm дрогерие маркт продолжува на домашниот пазар. На 15 август 2024 година, со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата 26-та дрогерија, а втора во Битола.
Во новата дрогерија, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попустот од -15% на АПСОЛУТНО СЀ кој ќе трае од 15 па сѐ до 18 август!
Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:
- подарок dm торба за пазарување со секоја сметка над 500 денари
- подарок Denkmit универзални влажни марамчиња, со секоја сметка над 700 денари
- подарок dm пешкир за плажа, со секоја сметка над 1.999 денари
Летокот за отворање може да го разгледате тука.
На денот на отворањето купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ, а за најмалите ќе има и посебна забава!
Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во хуманитарни цели на ЈОУГД ,,Естреја Овадија Мара“во Битола.
„Со нашите конкретни дела пружаме вистински придонес во заедницата во која делуваме и ова нѐ прави особено среќни. Со отворањето на нашата втора дрогерија во Битола, сме уште поблиску до битолчани кои во нас препознаваат сојузник во задоволувањето на сите нивни потреби со нашиот богат аосртиман, но и во тежнеењето кон тоа секојдневно да ја правиме оваа заедница подобро место за живеење. Се надеваме на одлична дружба и многу насмеани лица!“ – Изјави Наташа Усовиќ Монева – регионален менаџер за продажба во dm дрогерие маркт.
Дрогериите на dm со својот асортиман на повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како производи за хигиена во домот и нега на алишта се вистинскиот избор за пазарување сѐ на едно место. Повеќе од 3.000 производи се од нивните сопствени трговски марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени. Добропознатите dm марки Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и сите други, гарантираат идентичен квалитет во сите 14 земји во кои компанијата работи, додека dmBio е бренд со најширока понуда на органска храна во нашата земја.
Новиот продажен објект на dm ќе биде со вкупна површина од 486,98 m2, од кои 402,79m2 продажен простор, а магацински простор и помошен простор 84,19 m2.
Работното време на оваа дрогерија ќе биде:
Понеделник до сабота: 10 до 22 часот
Недела: 10 до 20 часот
Со отворање на овој објект, dm во Македонија е присутен со 26 продажни објекти, од кои 15 во Скопје, по еден продажен објект во Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Гостивар, Струга и Охрид, 2 продажни објекта во Штип и 2 продажни објекта во Битола!
Направете список за пазарување и на 15 август посетете ја новата dm дрогерија!