Програма Гаранција ОКТА – гаранција за квалитет и количина на гориво во пет чекори

Дали некогаш сте ја виделе жолтата налепница „ПРОВЕРЕНО“ на бензинските станици ОКТА и дали знаете што означува таа?

programa-garancija-okta-garancija-za-kvalitet-i-kolichina-na-gorivo-vo-pet-chekori-01.jpg

„ПРОВЕРЕНО“ потврдува дека горивото ги поминало петте фази од Програмата Гаранција на ОКТА, со што квалитетот и количината на горивото е загарантирана. Веќе девет години, оваа програма успешно се спроведува на нашиот пазар затоа што за, ОКТА квалитетот на услугата и безбедноста на потрошувачите е врвен приоритет. Како дел од Групацијата Хеленик Енерџи, искуството и експертизата од регионалните пазари ОКТА го става на располагање на македонскиот пазар, со што придонесува кон развој на пазарот на нафтени деривати. Се работи за уникатна програма која е сочинета од сеопфатен процес на проверки, во сите фази од ланецот на снабдување чиј резултат е гарантирана количина и квалитет на горивото кое со точи. Иако ваквите проверки не се дел од законските прописи, компанијата преку Програмата Гаранција активно ги едуцира потрошувачите и ги подигнува стандардите за квалитет. Програмата Гаранција ОКТА се одвива по строго утврдени процедури и прописи и истата е препознатлив белег на секој пазар каде што е присутна Групацијата Хеленик Енерџи, чиј член е и ОКТА.

Гаранција во пет чекори!

Првиот чекор на  проверка започнува токму во рафинеријата во Грција каде се прави иницијална проверка на квалитетот на горивото преку акредитирана лабораторија.

Во следната фаза горивото се полни  во цистерни на кои пак независна контролна куќа поставува пломби, со што се гарантира дека цистерната не била отворена при превозот и дека горивото кое било тестирано и испратено од рафинеријата во Грција стигнало безбедно до резервоарите на ОКТА. За време на превозот на горивото цистерните се следат со GPS алатки што дополнително го гарантира транспортот.

Откако горивото ќе пристигне и ќе се складира во резервоарите на ОКТА, по втор пат се проверува квалитетот на истото во акредитирана лабораторија каде примероците се доставуваат шифрирани се со цел да се обезбеди целосна независност во постапката.

Четвртиот чекор на проверки се одвива при испораката на горивото до ОКТА бензинските станици. Секоја цистерна која излегува од капацитетите на ОКТА е проверена од страна на независна контролна куќа, пред и по товарењето, по што истите се пломбираат и добиваат соодветен сертификат.

На крај последниот петти чекор на проверки се прават на лице место, односно на самите бензински станици каде мобилен тим од независни контролори врши ненајавени и редовни контроли на квалитетот и количината на горивото што се продава во малопродажната мрежа со брендот ОКТА.  Секоја бензинска станица што успешно го поминала тестирањето добива соодветен сертификат, додека  автоматите за полнење гориво се обележуваат со жолтата контролна лента на која пишува „ПРОВЕРЕНО“.

Како дел од програмата, до јуни годинава, направени се повеќе од 7.500 проверки на горивата директно од автоматите за полнење на сите бензински станици ОКТА. Гаранцијата на квалитетот и количината на горивото кое го добиваат крајните потрошувачи останува еден од главните приоритети на ОКТА!

Програма Гаранција ОКТА – Затоа што е важно!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg