Дали знаеш дека Амстердам има етички кодекс за ноќни клубови?
- Детали
- четврток, 01 август 2024
Амстердам е еден од малкуте градови што имаат ноќни градоначалници. Ако ова ти звучи чудно, тоа е затоа што оваа функција ја има само во градови со исклучително развиен ноќен живот.
Амстердам е првиот град во светот што почна да ја создава оваа титула на „ноќен градоначалник“. Музичкиот колектив „De Nachtwacht“ или „Ноќните чувари“ бил составен преку избори одржани во мултимедијалниот простор Парадизо во Амстердам, со иницијален мандат од три години. Во 2014 година оваа титула станала институционализирана, односно добила советодавна улога во градската власт на градот Амстердам. По Амстердам следувале и други градови во Европа и во светот.
Една од најважните работи што ноќниот градоначалник ги направил е воспоставување на таканаречената „клупска етика“. Ова било првпат во историјата на Амстердам клубовите заедно да работат кон пишување клупска политика за тоа како нивните клубови да станат поинклузивни и социјално побезбедни простори.
На овој етички кодекс му претходело огромно истражување преку кое се открило дека многумина не се чувствуваат безбедно или вклучено во ноќниот живот. Иако било тешко, клубовите се согласиле да направат одредени промени во својата организација за да обезбедат подобра и побезбедна клупска средина за сите посетители.
Сега, „Ноќните чувари“ и ноќниот градоначалник се залагаат нивниот етички кодекс да стане задолжителен протокол во сите клубови, слично како што сите клубови имаат законски утврден протокол во случај на пожар.
Дел од одредбите во овој клупски етички кодекс се:
„Во овој клуб е безбедно да бидеш оној/онаа кој/а навистина си.“
„Овој клуб е посветен на грижа за безбедноста на сите пред, за време на и по времетраењето на програмата на организираните настани.“
„Дискриминацијата не смее да биде дел од политиката на вратарите.“
„Сите облици на недолично однесување можат безбедно и анонимно да бидат пријавени кај клупскиот персонал. Процесот како се прави ова, мора да биде јасно видлив и разбирлив за сите посетители.“
Би било супер кога еден ден и кај нас би имало ваков кодекс и ваков градоначалник, а дотогаш на вас преостанува да дадете сè од себе да си го остварите сонот и да посетите некој од овие култни клубови. А, можете и да учествувате во наградната игра на Шпаркасе Банка за сите млади со пакет Vibe On, и освен во Амстердам, да освоите патување за двајца и во Берлин. Не звучи лошо, нели? Информирајте се повеќе на sparkasse.mk