Избалансирана исхрана, вода и редовни вежби за полесно справување со појава на хемороиди
- Детали
- петок, 16 јуни 2023
Хемороидалната болест е присутна кај 50 % од вкупната популација, како кај мажите, така и кај жените. Внесувањето на сува и зачинета храна, како и намалената физичка активност можат да бидат причина за појава на хемороиди. Истите се третираат на повеќе начини, а помага и консумирањето на храна која е богата со диететски влакна.
Дебелината, долготрајното седење, генетиката, како и бременоста се едни од најчестите причини за добивање на хемороидалната болест. Хемороидите се честа појава и истите претставуваат едно од најраспространетите заболувања на анусот и ректумот, а најзастапени се кај луѓето на возраст од 45 до 65 години.
Хемороидите се манифестираат со непријатно чувство во делот на анусот, при што може да почувствуваме болка, чешање, пецкање, како и крварење. Со оваа болест, честопати се соочени и луѓето кои имаат континуирана статична работа. Оттука, за да го одржуваме метаболизмот активен, но и да придонесеме кон тековна и брза обработка на храната потребно е да бидеме физички активни и редовно да вежбаме. Тоа не треба да бидат вежби кои ќе не исцрпат и ќе ни претставуваат оптоварување туку истите треба да бидат димензионирани согласно нашите потреби и физички предиспозиции.
Исто така, консумирањето на повеќе овошје и зеленчук сериозно ќе ни помогне за да одбегнеме појава на оваа болест или пак соодветно да ги третираме хемороидите. Лицата кои веќе имаат хемороиди треба да заборават на сувата и зачинетата храна, рафинираниот бел шеќер и рафинираното брашно (го отежнуваат варењето и дефекацијата). Вистинска замена е храната која е богата со диететски влакна како што се: овошјето, зеленчукот и житарките.
Внесувањето на доволно количество вода (на дневно ниво), ќе придонесе и за нормализација на столицата и намалување на болката.
Сепак, хемороидалната болест може да се третира и со орални лекови, кои во секојдневната практика се често користени. Се препорачува лек кој содржи микронизиран диосмин, кој ефикасно се справува со најчестите симптоми на хемороидалната болест, а тоа се болка, чешање, пецкање и крварење. Достапен е без лекарски рецепт.
За хемороидите и нивниот третман прочитајте повеќе: https://www.flebaven.mk/hemoroidi-tretman/
(комерцијална објава)