„Засади желба“ стигна и во Велес - пензиски парк никна во ССОУ „Коле Неделковски“

Единаесеттиот Пензиски парк во рамки на кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ денес никна во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес.

Penziski-park-Veles-6.jpg

Пензиските друштва го одржаа ветувањето од 2021 година, кога на самиот почеток на оваа едукативна кампања најавија дека ќе се стремат кон што е можно повеќе општествено одговорни активности во училиштата низ државата во кои ќе заживее грижата за иднината преку симболиката на зелените паркови.

Триглав пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со поддршка од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), досега засадија Пензиски паркови во Охрид, Свети Николе, Струмица, Куманово и Скопје.

Penziski-park-Veles-2.jpg

Денес, во Велес заедно со учениците од „Коле Неделковски“ засадија 15 средно созреани садници кои имаат за цел да го раззеленат училишниот двор, но и да ги потсетуваат учениците за предностите од навременото вложување во поубава иднина за себе и за околината. 

Со благодарност за можноста за вклучување во кампањата на самиот почеток на настанот се обрати директорката на училиштето, Весна Стојанова Богоевска.

Penziski-park-Veles-Vesna-Stojanova.jpg

„Сакам да се заблагодарам на пензиските друштва кои овозможија нашето училиште да биде прво во општина Велес кое се приклучува на кампањата „Засади желба за одржлива иднина“. Задоволство и чест е да се биде дел од групата на успешни училишта кои започнуваат една значајна мисија која ќе овозможи многу почиста животна средина.

Повеќе не е тајна дека живееме во ера на големи еколошки проблеми и во најголем број случаи самите ние сме виновни за тоа. Проблемот на екологијата е еден од глобалните проблеми на човештвото. Денес, повеќе од кога и да е, подигната е свеста на нашиот народ, пред сѐ на учениците дека е потребно да ја заштитиме природата за да можеме да дишеме чист воздух, да пиеме чиста вода, да јадеме здрава храна. Со инвестирањето во здравата животна средина инвестираме во нашите деца кои се нашата иднина.

Токму затоа, секој од нас треба да даде свој придонес за зачувување на природата, затоа што помагајќи ѝ на природата, си помагаме на себе. Секоја промена треба да започне од нас. Нека тој момент биде денес, затоа што утре е веќе доцна. Сигурна сум дека денешниот ден ќе биде мотивација за нашите вработени и ученици да ја продолжат мисијата на пензиските друштва и ќе се вклучат во акции со слична цел“ – изјави Стојанова Богоевска.

Од името на трите пензиски друштва се обрати Марија Ѓорѓиевска, член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Penziski-park-Veles-Marija-Gjorgjievska.jpg

„Одржливиот развој е особено актуелна тема во изминатите години, а нејзиното значење уште повеќе ќе се зголемува, бидејќи се фокусира на еден многу важен аспект на континуитет и одржливост на планетата земја. Таа одржливост можеме да ја препознаеме во нашата одговорност пред сè кон самите себеси, кон нашите најблиски, а ние како пензиски друштва ја препознаваме во одговорноста кон нашите членови – идни пензионери, кон нашите вработени и околината во која живееме.

Денес со ваша помош ќе придонесеме за одржлив развој и на овој настан на кој ќе засадиме дрвја, ќе ја изразиме нашата одговорност за заштита на природата, за почист воздух. За дрвјата кои денес ќе ги засадиме, утре ќе се грижиме, а во иднина ќе ги користиме бенефитите.

Грижата е суштински концепт и во пензиското осигурување. Пензиските друштва се грижат за пензиите на идните пензионери.

Вие сте многу млади, исто како овие дрвца кои ќе ги засадиме денес. Вие имате пред вас еден цел животен и работен век во кој треба да создавате вредност, да живеете на начин кој го посакувате, но и да си обезбедите пристојна старост. Од првиот ден на вработувањето, дел од вашите примања ќе одат во пензискиот систем и особено е важно да знаете каде тие одат и што се случува со нив. Пензијата започнува со моментот на вработување. Кога ќе ви се случи тој момент на прво вработување, запаметете дека тогаш треба да започнете со грижа за вашата иднина и за вашата пензија.

Одговорноста кон општеството започнува со одговорност кон самите себе. Вие сте одговорни да учите, да работите и да издвојувате средства во пензиски фонд, а пензиските друштва се ваш сојузник. Ние ќе бидеме тука да ви го честитаме првото вработување, да ви понудиме членство во пензиски фонд, да се грижиме за вашите средства кои ќе ги издвојувате за пензија, да ги инвестираме и оплодуваме.

Одговорност и грижа, тоа се двата аспекти за подобро утре, за одржлив развој“ – рече Ѓорѓиевска во обраќањето до учениците.

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба, за одржлива иднина“ се достапни на веб страната www.penzija.mk

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk

Penziski-park-Veles-3.jpg

Penziski-park-Veles-5.jpg

Penziski-park-Veles-6.jpg

Penziski-park-Veles-7.jpg

Penziski-park-Veles-8.jpg

Penziski-park-Veles-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg