Козметика посветена на научно докажани решенија: интервју со д-р Соња Петрушеска

Денес разговараме со доктор Соња Петрушеска, дерматовенеролог и амбасадор на медицинската козметика Еуцерин во Македонија.

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-1.jpg

Во ова интервју ќе се нурнеме во фасцинантниот свет на медицинската експертиза и иновациите во козметиката и негата на кожата. Ќе разговараме за врската помеѓу козметиката и дерматологијата, што е област на д-р Петрушеска и ќе ги откриеме тајните зад нивните ефективни и сигурни решенија за нега на кожата.

Ќе ги дискутираме вредните сознанија и стручните совети за постигнување здрава, сјајна кожа.

Како лекар и медицински претставник за Eucerin, како гледате на пресекот помеѓу медицинската експертиза и иновациите за нега на кожата? Како Eucerin го користи научниот напредок за да развие ефективни решенија за нега на кожата?

Негата на кожата одсекогаш играла голема улога во животот на човекот, уште од старите времиња па сѐ до денес, човекот се стремел да ја негува својата кожа и да го направи нејзиниот изглед убав, според општествените сфаќања што тогаш владееле. Со научните придобивки од развојот на медицината и негата на кожата се подобрува и многу од тие сознанија биле имплементирани во производите и методите за нега на кожата.

Баерсдорф во брендот Еуцерин, одсекогаш се трудел да ги имплементира најновите научни, медицински сознанија за производство на врвни производи за нега на кожата, производи со чија примена корисниците ќе добијат максимален, научно потврден ефект за подoбрување на функцијата и изгледот на кожата.

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-2.fw.png

Можете ли да ја објасните улогата на дерматолошките истражувања и медицината базирана на докази во развојот на производите на Еуцерин? Како овој научен пристап придонесува за посветеноста на брендот да испорача доверливи решенија за нега на кожата?

Во развојот на производите на Еуцерин, нашиот пристап е максимално користење на придобивките од дерматолошките истражувања и медицината базирана на докази. Секогаш, кога стручниот тим на Баерсдорф што работи на развојот на произовдите Еуцерин, ќе процени дека некое дерматолошко истражување има голем потенцијал за примена во некој од нашите производи, стручниот тим на Еуцерин максимално се труди да ги имплементира тие сознанија во нашите производи.

Ваквиот пристап на нашиот стручен тим води кон производство на производи во кои се имплементирани најновите сознанија за нега на кожата според медицината базирана на докази. 

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-2.jpg

Знаеме дека Еуцерин има развиено посебна колекција која во својот фокус ја има чувствителната кожа склона кон акни. Како вашата медицинска експертиза одлучува на кој производ треба да се фокусира некој што има предизвик со кожата? 

Еден од најголемите проблеми на  многу чувствителната популација на тинејџери е големиот предизвик во третманот и борбата со акните. Во зависност од податоците и историјата на проблемот со кој се соочува секоја личност индивидуално, Еуцерин има развиено посебни линии на производи кои се насочени кон третман на конкретни индивидуални состојби на кожата кај нив и со континуирана едукација на медицинската и фармацевтска јавност се трудиме секоја од тие личности да го добие најдобриот третман за нејзината кожа.

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-3.jpg

Честопати Еуцерин е препознатлив по тоа што производите се препорачани од дерматолог. Како соработувате со дерматолозите и здравствените работници за да се осигурате дека пациентите се задоволни? 

Нашиот став е дека медицинските професионалци мора да ги имаат најновите докажани информации за примената на нашите производи кај различни личности за различни состојби на кожата. Нашата секојдневна работа е насочена кон постојана соработка со дерматолозите и размена на повратни информации со цел да обезбедима колку што е можно подобар третман на проблематичната кожа.

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-4.jpg

Трендовите за нега на кожа постојано се развиваат. Како еден производ може да остане во првите редови на иновациите за нега на кожата и да се прилагоди на потрошувачите, додека ја одржува својата посветеност на научно докажаните решенија?

Во текот на историјата постојано се откриваат нови сознанија и нови пристапи во третманот и негата на кожата. Посветеноста кон развојот на производите и постојано подобрување на нивниот состав и активните состојки според најновите научно потврдени сознанија е докажан начин за успешно задоволување на потребите на луѓето кои имаат различни потреби за нега на нивната кожа. Корисниците на Еуцерин и медицинската јавност ја забележуваат нашата посеветеност кон примена на најновите научно потврдени сознанија во нашите производи и се сигурни дека во Еуцерин имаат партнер во кој може да веруваат.

kozmetika-posvetena-na-naucno-dokazani-resenija-intervju-so-dr-sonja-petruseska-5.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg