Слушнете ја новата песна на Александра Јанева „Утрото ќе промени сè“, посветена на сите манипулатори
- Детали
- среда, 31 мај 2023
Доволно храбра да наметне нови стандарди и доволно своја и автентична да влијае на прогресот и трансформацијата на поп кулутрата кај нас. Таа дефинитивно е една од најталентираните и најуникатните женски вокали што некогаш се појавиле на македонската музичка сцена.
Нејзиното име е Александра Јанева и токму таа, на јавноста и го претстави своето ново музичко парче кое го носи насловот „Утрото ќе промени се“, а со својот глас и чиста емоција и овој пат никого не остави рамнодушен. Својата премиера ја имаше во естрадниот магазин „Бекстејџ“
„Оваа песна беше затворена во фиока повеќе од една година, го чекавме вистинскиот момент за да ја објавиме и еве конечно дојде. Секој стих од мојата музика е вистинска приказна. „Утрото ќе промени се“ зборува за тоа дека понекогаш е подобро да кажете не и да кажете доста е, затоа што тоа е половина здравје. Ми требаше многу време и храброст да научам да кажам не и да се борам за она што е добро за мене. Затоа што кога ќе го научите тоа, ќе ви биде многу полесно во животот. Барем мене ми е“ - вели Александра.
И за овој проект Александра работеше со одбрана екипа. Зад текстот се потпишуваат Драган Величковиќ - Тајзи и Лазар Цветкоски, музиката е на Александра и Лазе, а видео записот е дело на Горан Симјаноски.
Во маестралноста и квалитетите на Александра Јанева досега се имаме уверено многупати. А сигурни сме и дека она што допрва ке го чуеме од неа ќе биде исто толку добро и емотивно како и се што досега има сработено!
Во продолжение слушнете ја „Утрото ќе промени сè“, песна за која сме сигурни дека ќе сакате да ја слушате одново и одново.