Користете заштита од сончевите зраци прилагодена на потребите на вашата кожа!

koristete-zastita-od-soncevite-zraci-prilagodena-na-potrebite-na-vasata-koza-1.jpg

Летото е на повидок. Наскоро ќе носиме маички на бретели, блузи со кратки ракави, кратки пантолони и здолништа. Телото, сакале или не, ќе биде изложено на сончевите зраци. Да се биде безбеден од сончевите зраци звучи едноставно, но повеќето луѓе не ни забележуваат дека ја облекуваат омилената маичка и излегуваат надвор во топлите денови, сосема незаштитени од сончевите зраци.

Многупати и свесно се избегнуваат кремите за сончање. За да не се извалка облеката, да не се “измасти” косата што паѓа на голите рамена, да не се има чувство на тежина од густите и мрсни креми за сончање итн.

koristete-zastita-od-soncevite-zraci-prilagodena-na-potrebite-na-vasata-koza-2.jpg

Кога ќе дојдат летните одмори, тогаш се брза да се набави крема со заштитен фактор, без да се погледне на својствата што тој производ ги нуди за заштита на кожата. Честопати земаме една крема а ја користиме сите во семејството, и младите и старите, па понекогаш и децата.

Дерматолозите се согласни дека состојките на кремите со заштитен фактор се исто така важни како и УВ факторот на заштита. Мрсната кожа се разликува од сувата, темниот тен се разликува од посветлиот, а особено од најсветлиот тен што не потемнува на сонце и има голема веројатност да се здобие со поголеми оштетуваања отколку кожата со темен тен.

koristete-zastita-od-soncevite-zraci-prilagodena-na-potrebite-na-vasata-koza-3.jpg

Исто така децата имаат потенка кожа, што наметнува поголема потреба од заштита, од повисок фактор и почесто нанесеување на кремата. Престојот на сонце и на отворено да им го направиме побезбеден на децата заштитувајќи ги со ефикасна медицинска козметика. Дерматолозите ги препорачуваат производите за деца од Eucerin Sun колекцијата  бидејќи истите не содржат хемиски додатоци, а обезбедуваат сигурна и долготрајна заштита од сонце. Содржат минерални филтри, кои ги рефлектираат, одбиваат УВ зраците, не дозволувајќи им да навлезат во детската кожа.

koristete-zastita-od-soncevite-zraci-prilagodena-na-potrebite-na-vasata-koza-4.jpg

Ако пак вашата кожа е мрсна и/или склона кон акни, формулата на Eucerin  Oil Control која содржи технологија за контрола и регулација на себумот и пигментите кои апсорбираат липиди, оставајќи ја површината сува на допир и обезбедувајќи долготраен ефект против сјај.

koristete-zastita-od-soncevite-zraci-prilagodena-na-potrebite-na-vasata-koza-5.jpg

Заштита на кожата од штетните ефекти од сонцето не мора да биде комплициран процес или да одзема многу време. Со вградување на ефикасен производ во негата на кожата од УВ заштита се заштедува време. Да дадеме предност на креми кои што лесно се впиваат и имаат формули за брза апсорпција.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg