Никола, 20 од Каза Бар Скопје е најдобриот бармен под 24 години во Европа

nikola-20-od-kaza-bar-skopje-e-najdobriot-barmen-pod-24-godini-vo-evropa-01.jpg

Со само 20 години, Никола Анастасијески, млад бармен кој е дел од тимот на Каза Бар во Скопје, секојдневно покажува умешност, страст и креативност во својата работа, што му донесе неколку признанија во динамичниот свет на миксологијата во изминатиот период.

Во текот на своето тригодишно работно искуство во срцето на Дебар Маало, Никола непрекинато ги импресионираше како и гостите, така и колегите со својата неуморна посветеност и иновативен пристап кон создавање на извонредни коктели.

Тој го започна своето патување низ светот на миксологијата со неговото учество на Државното првенство на бармени во Македонија две години по ред. На своето второ Државно првенство оваа година, тој постигна извонреден успех со освојување на второто место, докажувајќи ја својата способност и поставувајќи ги основите за неговите идни успеси. 

Освојување на второ место на Државното првенство на бармени во Македонија

Во текот на април оваа година, во Скопје се одржа и Schweppes Mixology Session 2023 каде со својата креативност, Никола го претстави својот авторски коктел Andalucia што ги освои вкусовите на судиите и му го донесе првото место.

Учество и освојување на натпреварот Schweppes Mixology Session 2023

Најновиот успех на Никола го потврдува како еден од најталентираните миксолози во Европа, откако ја освои титулата "Најдобар бармен под 24 години во Европа" на Европското Првенство за Коктели во Тирана, Албанија.

Учество и освојување на титулата „Најдобар бармен под 24 години во Европа“

Овој настан, кој се одржа на 24 и 25-ти мај, на едно место собра повеќе од 75 од најталентираните бармени од 35 земји низ Европа.

nikola-20-od-kaza-bar-skopje-e-najdobriot-barmen-pod-24-godini-vo-evropa-11.jpgДраган и Никола во Тирана, Албанија по освојување на титулата

Во текот на неговото неговото осознавање на светот на миксологијата, Никола беше менториран од Драган Јордев, Главен Миксолог во Каза Бар каде што во моментов гостите уживаат во нивната заедничка креација - новото "Spring/Summer" издание на сезонското коктел мени. Ова внимателно изработено мени е совршената комбинација од авторските коктели на Никола и Драган, како и безвременските класици кои го креираат совршеното коктел искуство.

Sneak peek од новото “Spring/Summer” коктел мени 

На македонската, како и регионалната коктел сцена се забележуваат сѐ повеќе иницијативи и настани кои го поттикнуваат нејзиниот развој и напредок. Ваквите настани и натпревари им овозможуваат на домашните талентирани миксолози да ги покажат своите вештини, што е од голема важност за водење на македонската коктел сцена чекор понапред до светските трендови и стандарди.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg